Малите производители да се вклучат во интернет трговија
Занаетчиите, земјоделците и микро-бизнисите ќе добијат онлајн платформа за електронска трговија. Тоа е дел од проектот за меѓугранична соработка меѓу Регионалниот центар за евроинтеграции од бугарскиот град Ќустендил и Центарот за одржлив развој ЕЛИПСА од Куманово. Сега производителите најчесто го користат Фејсбук за реклама на своите производи, но со ова ќе се зголеми можноста за конкурентност на меѓународниот пазар.