Совет на ЕУ - БиХ не ги исполнува политичките критериуми за членство
Босна и Херцеговина засега не ги исполнува политичките критериуми за членство во ЕУ, се наведува во заклучоците кои ги усвои Советот на Европската унија. Советот на ЕУ апелира на извршните и законодавните тела на сите нивоа на власта да почнат да ги решаваат клучните приоритети идентификувани во Мислењето на Комисијата, издадено на 29 мај.
Земјата треба да вложи значајни напори во јакнење на своите институции со цел гаранција на демократијата, владеење на правото, човековите права и почитување и заштита на малцинствата, се наведува во заклучоците.
Што се однесува на економските критериуми, БиХ постигнала одреден степен на макроекономска стабилност, но воспоставувањето на функционална пазарна економија и постигнување конкурентност на заедничкиот пазар сè уште е во рана фаза.