Рохани го претстави „буџетот против санкциите“
Иранскиот претседател Хасан Рохани го престави во Парламентот, како што го нарече „буџетот за спротивставување на санкциите “и подочи дека евентуален заем од повеќе милијарди долари од Русија ќе биде клучниот извор на приходи. Предлог буџетот за следната фискална година (која стартува во март 2020 ) доаѓа во ситуација на зголемен притисок од американските санкции и од опоравувањето на Иранците од насилните судири со полицијата при протести на кои загинаа стотици луѓе.
„Следната година, нашиот буџет ќе биде буџет на отпор и упорност против санкциите, Овој буџет ќе му покаже на светот дека и покрај санкциите ние ќе управуваме со земјата, особено со нафтата,“ изјави денеска Рохани пред пратениците.
Повлекувањето на американскиот претседател Доналд Трамп од нафтениот договор со Иран склучен во 2015 година како и повторното воведување на санкции и нанесоа штета на иранската економија и валута. Меѓународниот монетарен фонд проценува дека иранската економија годинава ќе забележи пад од 10 проценти.