ОЈО против ослободувањето од притвор на двајца обвинети за несреќата кај Ласкарци
Oсновното јавно обвинителствого обжали решението на Кривичниот суд со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост.
Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајоти на раководителот на станицата за технички преглед обвинет за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.
Обвинителството во поднесената жалба истакнува дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетите како основ за притворска мерка и дека ниту една друга мерка не е доволна гаранција за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.
Во несреќата која се случи во февруати годинава животот го загубија 16 луѓе, а 37 беа потешко повредени.