Заев - Можна е условна ратификација на Протоколот за НАТО
Премиерот Зоран Заев вели дека е можна условна ратификација на Протоколот за членство во НАТО. Доколку се одложи ратификацијата во Шпанија и тоа не е готово пред да се распушти македонското Собрание на 11 февруари, се остава можност да се направи условна ратификација, вели Заев. Но, условната ратификација, како што вели, треба да се направи одговорно во делот на постапките без какви било политички калкулации.
Тој одговараше на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремена ратификација на Протоколот.
Сепак Заев вели дека очекува следниот месец да заврши ратификацијата на Протоколот за влез на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент.