Јовески ќе се грижи и за вработените во СЈО
Измените на Законот за јавнообвинителска служба со кои треба да се реши статусот на вработените во Специјалното јавно обвинителство треба да се најдат на собраниска седница на 11-ти овој месец.
Пратениците од СДСМ и од ДУИ предлагаат да му се овозможи на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да добие овластување да ги потпишува налозите за сите трошоци на СЈО.
Основното јавно обвинителство досега ја презеде надлежноста на предметите од СЈО. Јовески очекува до крајот на месецот и останатите девет-десет предмети да се прераспределат во надлежност на соодветни обвинителства.