Најмалку двајца загинати во тајфунот Камури на Филипините
Најмалку две лица денеска загинаа на Филипини поради тајфунот Камури кој уривал покриви на куќите. Меѓународниот аеродром во Манила е затворен поради невремето. Тајфунот стигна до бреговите на Филипините доцна синоќа и помина јужно од 13-милионскиот град Манила, каде што во моментов има илјадници спортисти кои учествуваат на регионалните Јужно-азиски игри.
Непосредно пред да излезе во Јужното Кинеско Море, тајфунот убил две лица на централниот остров Миндоро. Еден загинал од паднато дрво, а другиот од парче дрвена граѓа. Ветрот денеска ослабна до 130 километри на час.
Околу 340 илјади луѓе беа евакуирани од своите домови во регионот Бикол во централниот дел на земјата. Секоја година Филипините се погодени од околу 20 бури и тајфуни во кои гинат стотици луѓе, а жителите на погодените подрачја ги држи во постојана сиромаштија. Најсмртоносен беше супер-тајфунот Хаијан во 2013 година, кој однесе над 7300 животи. Поради невремето се откажани и половина од натпреварите на Јужно-азиските игри, но организаторите велат дека натпреварувањето ќе заврши навреме.