Парламентот во Азербејџан се распушти
Пратениците во Азербејџан го одобрија предлогот за распуштање на Парламентот и од претседателот Илхам Алијев побараа да распише предвремени парламентарни избори.
Владејачката партија во земјата Нов Азербејџан, чиј лидер е Алиев со големо мнозинство го поддржа предлогот.
Властите велат дека предвремените изборите ќе помогнат во модернизацијата на законодавството во земјата и ќе ги забрзаат економските реформи.
Азербејџанскиот претседател има право да го распушти парламентот и да распише предвремени избори. Гласањето треба да се одржи во рок од три месеци по распуштањето на Собранието.
На изборите во 2015 партијата Нов Азербејџан победи убедливо, но опозициските партии ги бојкотираа изборите.