Пожар на пристаништето во Бејрут еден месец по силната експлозија
Огромен пожар избувна во пристаништето во либанскиот главен град еден месец по силната експлозија во која загинаа околу 190 луѓе. Пожарот избувнал денеска во пристаништето во бејрутската бесцаринска зона. Пожарникари и војници го гаснеле пожарот, а биле вклучени и хеликоптери. Официјалните лица велат дека досега голем дел од пожарот е изгаснат. Нема пријавено повредени, а причината за пожарот се уште не е јасна. Либанскиот претседател Мишел Аун рече дека зад тоа може да стојат саботажи, техничка грешка или небрежност. Читать дальше...