123ru.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2020

Новости за 26.09.2020

Еден починат, 141 нови случаи на ковид 19

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19. Од нив најмногу заразени има во Скопје-51, а потоа следуваат  Куманово со 12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8 и по двајца во Кичево, Ресен и Неготино. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти. Читать дальше...

Продолжуваат протестите против Лукашенка

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжуваат протестите во Белорусија против Александар Лукашенка, кој тврди дека е победник на претседателските избори во земјата и покрај извештаите за голема изборна измама. Како што јавуваат агенциите, жените се собрале во центарот на Минск, многумина носејќи цвеќиња и учествувајќи на таканаречениот женски марш низ главниот град. Белорускиот сервис на РСЕ објави дека полицијата брзо привела најмалку 10 жени. Меѓу нив и 73-годишната Нина Бахинскаја, која е редовен учесник на протестите против Лукашенка. Читать дальше...

ООН повика на прекин на судирите во предградието на Триполи

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетите нации (ООН) повикаа на итен прекин на борбите меѓу двете вооружени групи во Тајура, источно предградие на либискиот главен град Триполи. Во судирите загинаа најмалку три лица, а повеќемина се повредени. Мисијата повика на итно прекинување на непријателствата, потсетувајќи ги сите страни за нивните обврски според меѓународното хуманитарно право, пренесе АФП. Судирите со тешко оружје избувнаа на 24 септември и продолжија еден ден подоцна меѓу две групи лојални на Владата на националното единство... Читать дальше...



Австралија погребува 350 мртви китови, 180 се спасени

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 470 китови претходно оваа недела се засукаа на копното во австралиската држава Тасманија. По неколкудневни обиди беа спасени 108 китови, а останатите починаа. Роб Бак, од локалниот парк на природата, изјави дека 15 трупови на китови биле вратени во морето, но за 350 ќе треба најмалку неколку дена. „Собирањето и отстранувањето на труповите на китовите се врши со помош на земјоделски компании чии техники и опрема, како и експертиза, сега се од клучно значење“, рече Бак. Труповите на китовите... Читать дальше...

Филипче: Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од Ковид -19 состојбата се стабилизира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. „Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење  на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено се надевам дека никој од нас ниту ние... Читать дальше...

Четвртиот пакет мерки - поддршка за најпогодените сектори и граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра е продолжение на претходните три пакети и опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани, појасни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) во Владата. „Четвртиот пакет економски мерки опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал на годината, платежни картички за одредени категории на граѓани на кои помошта им е најпотребна... Читать дальше...

Радев нема да формира нова партија во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот претседател Румен Радев нема намера да почне нов политички проект во земјата, бидејќи неговата цел е да ги поддржи оние проекти и партии кои работат за доброто на народот. Тој меѓудругото, денеска даде свој коментар за повеќе актуелни теми, меѓу кои и скандалот со фотографиите од куќата на премиерот Бојко Борисов, поплаките од новинарите за немањето пристап до пратениците во новата зграда на Националното собрание, како и за своите политички намери. Радев: Бугарите сакаат безусловна оставка... Читать дальше...

Либанскиот мандатар се откажа од формирање нова влада

SlobodnaEvropa.mk 

Либанскиот мандатар Мустафа Адиб денеска поднесе оставка поради политичката блокада во врска со формирање на влада, скоро еден месец откако беше назначен на таа позиција. Адиб требаше да формира нова влада за да ја замени владата која поднесе оставка по огромната експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август. „Се извинувам што не успеав да ја извршам задачата за формирање влада“, рече Адиб во телевизиското обраќање по долгите преговори за формирање на владин тим што ќе го одобрат различните ривалски политички сили во земјата. Читать дальше...



Пендаровски и Пахор гледаа показна вежба на армиските специјалци

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска во Охрид го посетија Кампот за обука на вода на АРМ од каде ја следеа показната вежба на припадниците на специјалните сили на Армијата. На вежбата на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беа демонстрирани постапки што се применуваат во ситуација на заложничка криза на пловен објект. Станува збор за операција со сценарио за ослободување заложници од пловен објект со препад. Читать дальше...

Министерката за здравство на државата Викторија поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Досегашната австралиска министерка за здравство Викторија Џени Микакос поднесе оставка по негативните реакции околу истрагата зошто биле ангажирани само чувари, а не полицијата или армијата во хотелите - карантини за заразените од коронавирус. Како главна причина за вториот бран на корона вирусот од кој е најтешко погодена оваа земја, се наведуваат безбедносните пропусти во хотелите. Државата Викторија пријави само еден починат во последните 24 часа, а бројот на нови случаи во Мелбурн, главниот град на Австралија, продолжува да опаѓа. Читать дальше...

Санкционирани 630 лица за неносење маски

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на изминатото деноноќие за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 630 прекршоци, соопши МВР. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Казните за неносење заштитна маска без ефект Во текот на вчерашниот ден пак на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 210 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 81 прекршок... Читать дальше...

Трамп ќе номинира свој кандидат за судија во Врховниот суд

SlobodnaEvropa.mk 

Американските медиуми јавуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп наводно има намера да ја номинира конзервативната судијка Ејми Кони Барет за судија во Врховниот суд, само неколку недели пред изборите. Претседателот се очекува да го објави соопштението вечер, а  „Њујорк тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ објавија  дека Трамп ќе ја номинира Барет. Републиканците на Трамп и Сенатот соопштија дека ќе се обидат брзо да најдат наследник на судијата Рут Бадер Гинсбург, кој почина пред неколку дена. Нејзината... Читать дальше...

Достапна националната платформа за онлајн учење

SlobodnaEvropa.mk 

Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, Министерството за образование и наука ги повикува учениците и родителите, да ја посетат и да се запознаат со платформата во текот на викендов. На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата... Читать дальше...

Седумина приведени за нападот со нож во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Седум лица се приведени поради сомневање за вмеаност во нападот со нож вчера во Париз.  Две лица се сериозно повредени во нападот, кој се третира како терористички акт, изјави францускиот министер за внатрешни работи Ералд Дарманин.  Нападот се случи во близина на поранешната канцеларија на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ , а според полицијата тој е „очигледно чин на исламистички тероризам“. Еден човек со пакистанско потекло, опишан како првоосомничен, беше уапсен во близина на местото на настанот. Читать дальше...

Навални до пилотите и лекарите: вие сте добри луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални им се заблагодари на руските пилоти и на лекарите за брзата реакција кога падна во кома за време на летот од Сибир. Навални, на кого му се слоши на 20 август во авион за Москва, по што беше во кома скоро три недели, на Инстаграм напиша дека пилотите „брзо слетале во Омск“ и дека лекарите на аеродромот „му инјектирале доза атропин“ препознавјќи „труење со отровна материја“. „Ви благодарам, непознати пријатели со добро срце. Вие сте добри луѓе”, напиша 44-годишниот политичар. Читать дальше...

Тест за Ковид 19, па во авион

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната асоцијација за авио-транспорт (IATA), предлага, на сите аеродроми да се воведат брзи тестови за Ковид 19, со цел авионскиот сообраќај да се одвива непречено, а патниците да бидат безбедни. Велат дека е изводливо и покрај скептицизмот на некои здравствени работници.

Воен авион се урна во Украина, најмалку 22 мртви

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 22 лица, вклучително и кадети на воздухопловните сили, загинале кога воен транспортен авион се урнал во источна Украина, соопшти војската. Авионот Антонов Ан-26 во кој имало 27 членови на екипажот и кадети се урнал при слетување во североисточниот дел на регионот Карков, соопштија украинските воздушни сили. Двајца мажи успеале да ја преживеат несреќата и се лекуваат во болницата, додека судбината на уште тројца сè уште не е позната. Акциите за пребарување и спасување се во тек.   Украинскиот... Читать дальше...

Времето денеска променливо облачно, ветровито и дождливо

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито и со повремени врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи, грмежи, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени и со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Спорт в России и мире
Москва

GeekVape в сотрудничестве с Absolute Racing выиграла чемпионат в категории GT3


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Янник Синнер

Янник Синнер поделился впечатлениями от общения с игроками сборной Италии по футболу


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Выпуск ЦФА на платформе «Атомайз» поможет снизить нагрузку на экологию





Путин в России и мире
Москва

Путин оценил перспективы строительства ВСМ «Москва — Санкт-Петербург»


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире
Москва

Силовики задержали за сутки пятерых журналистов, часть проходит по делу об «участии в работе ФБК», одного жестоко избили при задержании



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Александр Галич

Александр Галич. "Облака". Поёт Антон Духовской.



Москва

В метрах от спада: есть ли риск кризиса на российском рынке жилья

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net