Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2020

Новости за 25.09.2020

Најмалку 13 мигранти се удавиле во близина на либискиот брег

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 13 мигранти се удавиле во близина на либискиот брег во Средоземното Море кога се превртел чамецот со кој се обидувале да стигнат до Европа, соопштија денеска ОН. Либиските рибари доцна синоќа забележале чамец кој тон и успеале да спасат 22 лица, соопшти Меѓународната организација за миграции. Меѓу спасените име мигранти од Египет, Бангладеш, Сирија, Сомалија и Гана, а најмалку 13 патници од чамецот се исчезнати и се претпоставува дека се удавиле. Либиската крајбрежна страна трага по исчезнатите. Читать дальше...

Предупредување за бури, торнада, поројни врнежи и силен ветар за Хрватска и Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот систем за предупредување за невреме ЕСТОФЕКС издаде предупредување од втор и прв степен за делови од Хрватска и Западен Балкан, наведувајќи дека дел од регионот ќе биде под влијание на пороен дожд и град. Тие додаваат дека се можни торнада и силни налети на ветер. Бури се формираат на северот на Хрватска се до југот на Словачка и дека станува збор за силни бури. Најголема активност се очекува во вечерните часови, кога се очекуваат најмногу врнежи. Severe Weather Europe објави и прогноза... Читать дальше...

Двајца српски пилоти загинаа при пад на воен МиГ-21

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца пилоти на Военото воздухопловство на српската армија загинаа утрово при пад на авион МиГ-21 во близина на Мали Зворник додека извршувале летачки задачи, потврди Министерството за одбрана. Српското Министерство за одбрана соопшти дека авионот „Миг-21“ што се урна бил прегледан во согласност со сите процедури, а по увидот утврдено е дека е исправен и подготвен за лет. Министерството за одбрана соопшти дека надлежните истражни органи се на местото на авионската несреќа и оти истрагата е во тек.



Ветерани на ОВК фрлаа шишиња кон припадниците на ЕУЛЕКС по апсењето на нивни соборци

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици припадници на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК) ја блокираа попладнево десетина минути улицата „УЧК“, каде што се наоѓа седиштето на Организацијата, во знак на протест поради апсењето на претседателот на организацијата, Хисни Гуцати, од страна на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС, јави дописникот на МИА од Приштина. Тие фрлаа шишиња и други предмети кон припадниците на ЕУЛЕКС кои учествуваа во денешната неколкучасовна акција во седиштето на ОВВ-ОВК... Читать дальше...

Путин повика на пакт со САД за да се избегне изборна конфронтација во „дигиталната сфера“

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин повика на нов договор со САД кој ќе обезбеди дека ниедна земја нема да се вклучи во сајбер-мешање во изборите во другата. Во соопштението во пресрет на американските претседателски избори на 3 ноември, Путин повика на ресетирање на односите меѓу Русија и САД, додавајќи дека сака договор меѓу двете земји, кој ќе спречи инциденти во сајбер просторот. Понудата на Путин доаѓа по неодамнешните извештаи во САД кои сугерираат дека Москва веќе се обидува да се меша во... Читать дальше...

Медиуми- Ковид и полициска бруталност

SlobodnaEvropa.mk 

Отворањето на градинките и коронавирусот се едни од главните теми во дневниот печат. Состојбата со ковид-19 се влошува, а власта најавува нови рестриктивни мерки. Полициската бруталност, откако полицајци претепаа Роми во Битола исто така е во фокусот на медиумите.

Уапсен претседателот на ветеранската организација на ОВК, Хисни Гуцати

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го приведе претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК Хисни Гуцати и се очекува да го спроведе во Хаг пред меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, каде што е подигнато обвинение против него, јави дописникот на МИА од Приштина. Гуцати е забележан како го изведуваат со лисици на рацете од просториите на ОВВ-ОВК околу 13:30 часот. Апсењето е извршено во рамките на денешната акција на ЕУЛЕКС во седиштето на ОВВ-ОВК... Читать дальше...

Девет починати и 143 нови случаи на коронавирус во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 143 нови случаи на коронавирус во земјава, а девет луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 1504 тестирања. Најголем број нови случаи се регистрирани во Скопје – 43, а потоа следат Куманово со 16, Кочани 15, Струмица 11, Прилеп 9, Тетово и Гостивар по 6, Свети Николе 5, Штип и Гевгелија по 4, Велес, Кавадарци, Валандово и Делчево по 3, Струга, Охрид, Виница и Кичево по 2 и по еден нов случај е регистриран во Радовиш, Пробиштип, Пехчево и во Неготино. Читать дальше...



Истрага за тероризам по нападот со нож во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Француското обвинителство за борба против тероризмот отвори истрага откако двајца луѓе беа ранети во напад со нож во Париз, во близина на поранешните канцеларии на сатиричниот магазин Шарли Ебдо, кој во 2015 година беше мета на терористички напад во кој загинаа 12 луѓе. Обвинителството денеска соопшти дека истрагата е за „обид за убиство во врска со терористичко здружување“ и „завера со терористи“. Премиерот Жан Кастекс претходно рече дека четворица луѓе биле избодени, но претставници на париската полиција подоцна соопштија дека биле двајца. Читать дальше...

Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром

SlobodnaEvropa.mk 

Поднесена е кривична пријава против еден полициски службеник од Битола, кој вчера брутално нападна Ром во Битола. Тој заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Пораст на полициската бруталност во Македонија „МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник. Ниту еден ваков чин не може да се поправи. МВР вложува многу во менувањето на ликот на полицијата и полициските службеници.

Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ опозицијата да предлага јавен обвинител

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска изјави дека не е прифатлив предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за главниот јавен обвинител да се бира од редовите на опозицијата. „Обвинителот не треба да се бира со политички договор. Согласно процедурата и Уставот, Владата го предлага, а Собранието го избира главниот обвинител со апсолутно мнозинство. За да се промени таа процедура треба да се промени Уставот. Сметаме дека не е време за тоа“, изјави денеска Маричиќ. Протест на ВМРО-ДПМНЕ- мора... Читать дальше...

ЕУ Самитот во Брисел на 1 и 2 октомври

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на земјите-членки на Европската унија - ЕУ27 - ќе се соберат на Самитот во Брисел на 1 и 2 октомври, потврди денеска Кабинетот на претседателот на Европскиот совет. Портпаролот Баренд Лејтс вели дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по втор пат добил негативен резултат на тестот на Ковид-19 и дека продолжува со подготовките за Самитот на кој претседава. Самит на ЕУ и Западен Балкан во ноември во Софија, С. Македонија копретседавач Самитот на лидерите на ЕУ 27 првично беше планиран за 24 и 25 септември... Читать дальше...

Останете на европскиот пат, порача Тимоние на заминување

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот амбасадор во Северна Македонија, Кристијан Тимоние, денеска, на прошталната средба со македонскиот премиер Зоран Заев го повторил ставот на францускиот претседател Франсоа Макрон, дека гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции и му порачал на Заев државата да остане на европскиот пат, соопштија од Владата. Пахор: Не сум случајно тука. Не треба да се одложи меѓувладината конференција „Покажавме дека имаме капацитети да носиме одлуки со коишто државата оди напред. Читать дальше...

Мерките од четвртиот економски анти-корона сет ќе се знаат в недела

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска се одржуваат последните консултации на економскиот тим министри со претставници на коморите, за утре е закажан состанок на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со Економско социјалниот пакет и во недела Владата треба да одлучува на седница закажана за во 10 часот. Тогаш Владата ќе ги објави мерките од четвртиот пакет, информираше денеска премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Љуботен, наведувајќи дека... Читать дальше...

ЕУЛЕКС упадна кај косовските ветерани на ОВК, најавени апсења

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС влезе денеска во канцелариите на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово и почна претрес (ОВК) во Приштина, јави МИА од Косово. Агенцијата Косовапрес објави дека вооружени припадници на полицијата го обезбедуваат објектот во кој се сместени ветераните и вршат претрес во нивните канцеларии. Акцијата уследи по вчерашното апсење на поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и командант на ОВК... Читать дальше...

Пораст на полициската бруталност во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Според податоците на Народниот правобранител, лани имале три отворени предмети за полициска бруталност, а годинава досега дури 15. Темата за полициската бруталност стана актуелна по видео снимката на која се гледа како полицајци тепаат Ром. МВР вели дека го истражува случајот.

Пахор: Не сум случајно тука. Не треба да се одложи меѓувладината конференција

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓувладината конференција да се одржи веднаш и без одлагање, бидејќи ова е приликата што ЕУ не смее да ја пропушти, изјави денеска словенечкиот претседател Борут пахор во Скопје, по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со што почна неговата дводневна официјална посета на Северна Македонија. Меморандумот на Бугарија и изјавите од Софија за можна блокада на преговорите на Северна Македонија во Еу беа главата тема на средбата на двајцата претседатели. Софија достави до ЕУ меморандум... Читать дальше...

Владините директори и членовите на одборите ќе се бираат на конкурс

SlobodnaEvropa.mk 

За директорите на институции кои ќе ги именува Владата и за членовите на Надзорните и Управните одбори ќе биде објавен конкурс, а тие ќе треба да поднесат мотивационо писмо и програма за работа за да може на крајот на нивниот мандат да се оцени што е сработено, соопшти денеска вицепремиерот задолжен за задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Николовски - Маричиќ: ГРЕКО вели напредуваме против корупцијата Според него, на тој начин... Читать дальше...

Николовски - Маричиќ: ГРЕКО вели напредуваме против корупцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан маричиќ денеска информираа дека „новиот извештај на ГРЕКО нотира напредок во борбата со корупцијата во Северна Македонија. „Ја напуштивме групата на глобално незадоволителни држави. Ова е голем упех за нас како држава и Влада. Телото на Советот за Европа, ГРЕКО, на вчерашната пленарна седница нотираше значаен и суштински напредок во делот на исполнување на препораките во четвртиот круг на евалуација. Станува збор за 19 препораки кои беа... Читать дальше...


Музыкальные новости
Татьяна Рязапова

Предложения АИРР поддержала комиссия Госсовета





Персональные новости
Фанагория

“Фанагория” получила 7 наград дегустационного конкурса на юбилейном “Винорус” 2024





Капиталните инвестиции високи само при планирањето

SlobodnaEvropa.mk 

Владата постојано најавува инвестициски бум, годинава и како мерка за надминување на економските последици од пандемијата на корона-вирус, но во првите седум месеци од годинава, биле потрошени само 37 отсто од планираните пари за инвестиции за целата година.

Светот на крстопат - национализам или солидарност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе успат ли апелите на многумина лидери на држави за солидарност во врска со потенцијалната вакцина против Ковид 19, или богатите ќе останат глуви? Во кој правец ќе оди светот? Ова е главната дилема на годинешното генерално собрание на ОН

За 24 часа 647 прекршоци за неносење заштитна маска за лице

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија се изречени 647 казни по однос на мерката за носење лична заштита на лице, информираат од МВР. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите со цел справување со епидемијата на Ковид-19.

Академците се враќаат во студентските домови

SlobodnaEvropa.mk 

Мораме дa знаеме дали го имаме домот како опција или да одвоиме време да си бараме приватно сместување, велат студентите од внатрешноста кои ги чекаат резултатите од конкурсот за прием во студентските домови. До почетокот на академската година има само една недела.

Завршни сведочења во случајот „Монструм“

SlobodnaEvropa.mk 

Последните сведоци предложени од одбраната во случајот „Монструм” денеска во Кривичниот суд Скопје, е предвидено да го дадат својот исказ. Според најавите од претходното рочиште, денеска треба да сведочат тројца сведоци, од кои еден припадник на полициската единица Алфи. Со завршување на оваа фаза следува подготвителен период за завршни зборови. Неуспешни екстрадиции - слаби докази и политички интереси Повторувањето на судскиот предмет за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април... Читать дальше...

Преговорите Белград- Приштина продолжуваат в понеделник

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави нов круг преговори на експертско ниво в понеделник, на 28 септември. Лајчак информира дека главните преговарачи на Белград и Приштина ќе разговараат за финансиските побарувања и имотите, но не и за Заедницата на српски општини. Состанок на експертски тимови на Белград и Приштина „Заедницата на српски општини нема да биде на дневен ред, бидејќи едната страна не е подготвена да разговара за тоа. Тоа прашање мора да се реши како дел од сеопфатен договор... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

«Спартак» набрал больше всех очков в играх с командами из верхней половины таблицы РПЛ


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Арина Соболенко призналась в том, что не любит женский теннис


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Компания ICDMC стала победителем престижной премии в сфере ЗОЖ – Green Awards 2023/24





Путин в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о формировании взаимовыгодного международного сотрудничества


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко пообещал потенциальным агрессорам ответ всеми видами оружия




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Тимати

Блогер Алена Водонаева заявила, что Тимати нужно похудеть



Москва

Нижегородские педагоги могут принять участие в Форуме классных руководителей

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net