Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2018

Новости за 12.06.2018

Мицкоски – Не прифаќаме промена на Уставот со цел промена на уставното име

SlobodnaEvropa.mk 

Договорот за името меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас е пораз, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека денеска е тежок ден за Република Македонија. „Заев го прикажува поразот како лажна победа, а она што е стекнато многу порано како наше природно и неспорно право, правото на јазик и националност, го прикажува како извојувана победа во преговорите со нашиот јужен сосед. Тоа е нешто што ние го имаме загарантирано и пред самиот овој таканаречен договор... Читать дальше...

Учениците повеќе да пишуваат за да не го заборават ракописот

SlobodnaEvropa.mk 

Со зголеменото користење на компјутерските тастатури учениците ќе заборават на пишуваат со рака, велат некои наставници. Тие велат дека пишувањето не е само работа на ракопис и моторика, туку и работа на размислување за тоа што се пишува.

Туск го поздрави постигнатиот договор за спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европскиот совет Доланд Туск им честиташе на „Твитер“ на премиерите на Македонија и на Грција за постигнувањето договор за името. „Ви благодарам што невозможното го направвите возможно“, напиша Туск на „Твитер“.



Столтенберг по поздрави договорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поздрави договорот за името меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. „Ги повикувам двете земји да го финализираат договорот постигнат од двајцата лидери. Ова ќе го стави Скопје на патот кон членство во НАТО, а тоа ќе помогне да се консолидираат мирот и стабилноста на поширокиот регион на Западниот Балкан“, се наведува во реакцијата на Столтенберг.

Името е Република Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

“Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во Обединетите нации, македонски, Macedonian, без фусноти, националноста е македонска/ граѓани на Република Северна Македонија” рече Заев.

Нимиц го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Посредникот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц ја поздрави објавата од премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас дека постигнале заемно прифатливо решение за спорот за името. „Не се сомневам дека овој договор ќе доведе до период на подобрени односи меѓу двете соседни земји, а особено меѓу нивните народи. Во тој контекст, јас сум охрабрен од посветеноста на двете влади да обезбедат взаемна корист за нивните граѓани преку воспоставување стратешко партнерство, како основа... Читать дальше...

Потрагите на Ана Ивановска во берлинскиот Прима центар

SlobodnaEvropa.mk 

„Одбележување на бесконечноста“ е насловена изложбата на македонската уметница Ана Ивановска, што од 26 мај до 8 јуни, се одржа во берлинскиот Прима центар. За инсталацијата, која со нагласена љубопитност била проследена од тамошната публика, ќе биде забележано дека „со својата комплексна содржина, покрај нејзината визуелна функција, создава емоции и прашања поврзани со човечките мисли за постоењето, бесконечноста, патот и времето“.

Хан и Могерини им честитаат на Заев и на Ципрас за договорот

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава им честитаа на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето договор за спорот за името. Тие очекуваат Советот на ЕУ да ја потврди препораката за преговори. „Ова, не само што е заслужено како признание за значителните реформски резултати на земјата, туку ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на двете земји... Читать дальше...



Република Северна Македонија за севкупна употреба со македонски јазик и националност

SlobodnaEvropa.mk 

Република Северна Македонија за севкупна употреба, кое ќе се прецизира со амандман во уставот. Јазикот ќе биде македонски или на англиски Macedonian без фуснота, националноста македонска/граѓани на Република Северна Македонија или на англиски Macedonian/citizens of Republic of North Macedonia. Ова е решението за спорот за името кое го постигнале премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Заев во моментов ги соопштува деталите од решението на прес конференција во владата на која е придружуван од сите министри.

Макрон ја критикува Италија за неприфаќањето спасени мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше, како што наведе, цинизмот и неодговорноста на Италија поради одбивањето на го прифати спасувачкиот брод со 629 мигранти. Бродот Аквариус за спасување мигранти од саботата е заробен во меѓународни води, откако Италија и Малта одбија да му дадат дозвола за влез во нивните територијални води. Мигрантите сега се подготвуваат за патување во Шпанија која понуди свое пристаниште. Макрон го пофалил хуманитарниот гест на Шпанија, информира францускиот владин портпарол Бенџамин Гриво. Читать дальше...

Заев во 18:30 ќе го обелодени договорот со Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев во 18:30 ќе одржи прес-конференција, како што се наведува во владиното соопштение, „во врска со договорот за спорот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија“. Претходно беше објавено дека завршил телефонскиот разговор на Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас и оти грчкиот премиер е на средба со претседателот Прокопис Павлопулос.

Телефонскиот разговор Заев - Ципрас завршен

SlobodnaEvropa.mk 

Во 18 часот по локално време грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се сретне со грчкиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас во претседателската палата ќе го информира Прокопис Павлопулос за телефонскиот разговор со македонскиот премиер Зоран Заев. Според информациите од Атина, македонскиот и грчкиот премиер веќе го оствариле телефонскиот разговор закажан за попладнево.

Иран разбил „терористичка мрежа“

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти соопштија дека уапсиле 27 припадници на „терористичка мрежа“, осомничени за планирање на напади за време на светиот месец Рамазан. Групата требало да изврши „терористички операции“ во Техеран и во други големи градови во земјата, информира Министерството за разузнавање. Во соопштението се наведува дека групата „објавувала фотографии во интернет просторот преку кои ѝ се заканувала на големата иранска нација со одмазда и убиство“. Се наведува дека нападите требало да се случат минатата недела. Читать дальше...

Утре средба Лавров-Коѕијас во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Билатералната соработка, но и состојбата на Западниот Балкан, ќе бидат темите за кои ќе разговараат на министрите за надворешни работи на Русија и Грција, Сергеј Лавров и Никос Коѕијас на нивната утрешна средба во Москва, јави дописничката на МИА од Атина. Според соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕијас, кој денеска ќе отпатува во посета на Москва, ќе се сретне и со рускиот патријарх Кирил, а ќе биде прогласен и за почесен доктор на државниот Универзитет за меѓународни односи.

Баша: Со Рама, Тахири и Џафај Албанија не може во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Љуљзим Баша, лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, изјави дека „премиерот Еди Рама, поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири и актулениот прв човек на Министерството за внатрешни работи Фатмир Џафај, се главна пречка во интеграцијата на Албанија во ЕУ“. „​Ако ја сакаме Албанија во Европа, Фатмир Џафај треба итно да се замине. Ако ја сакаме Европа треба да се бориме, а не да ја заштитуваме корупцијата и криминалот, и да ставиме крај на политичката... Читать дальше...

Опозицијата го кочи законот за медиуми, обвини министерот Манчевски

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски побара собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, со која претседава ВМРО-ДПМНЕ, да работи без престан и секојдневно се додека не заврши амандманската расправа за Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и ја повика опозицијата „да заборави на тесните партиски игри“. Министерот вели дека „веќе четири месеци опозицијата со бескрајни дебати го кочи усвојувањето на законот за медиуми“. „Не сме против дебата за амандманите... Читать дальше...

Турската војска останува во северен Ирак до уништување на сите терористи

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот министер за одбрана, Нуретин Џаникли, денеска изјави дека турските сили ќе останат во северен Ирак се додека не бидат „отсранети сите терористички групи“, објави новинската агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на интервјуто на министерот за агенцијата „Анадолија“. Изјавата на Џаникли следи откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека Армијата на Турција започнала воена операција против силите на Курдската работничка партија (ПКК) во реоните на Кандил и Синџар во северен Ирак. Читать дальше...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека Македонија извезува струја

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со успешното работење на АД ЕЛЕМ. Од земја зависна од увоз, Македонија денес продава струја. Наместо да го поздрават успешното работење, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, стои во соопштението на СДСМ по објавувањето на последните податоци за производството и извозот на електрична енергија. „Од почетокот на оваа година, вкупно се продадени 170 илјади мега ват часови и обезбеден е приход од над 8,7 милиони евра. За споредба, во 2017 година воопшто не биле произведени... Читать дальше...

Грчките медиуми ги објавија деталите од договорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Грчките медиуми денеска објавија дека главните точки од договорот за името што треба да го потпишат Грција и Македонија се: Република Северна Македонија ерга омнес, со македонски јазик и идентитет. Според информациите на грчкото радио „247“ и на новинари од неколку други влијателни грчки медиуми, деталите од договорт за името се: - Се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот член што постои во грчкиот Устав за дијаспората. Читать дальше...


Музыкальные новости
Илья Лагутенко

Арт: Почему преследуют неудачи в любви эпатажную экс-подружку Ильи Лагутенко, и чем сокровенным она поделилась с Собчак





Персональные новости
Bloomberg

Bloomberg: Вашингтон изучает вопрос запрета на импорт российского урана





Чепурин: Крим е Русија, Косово е Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Александар Чепурин, рускиот амбасадор во Белград, во авторскиот текст за весникот Политика, напиша дека постои можност Русија „уште подлабоко се вклучи“ во решавањето на косовскиот проблем, доколку се појават такви предлози и дека Косово е Србија. „Нашиот став е неизменет. Го поддржуваме она решение кое Србија и српскиот народ ќе го сметаат прифатливо за себе“, вели рускиот амбасадор во Белград. Тој истакна дека во последно време неоправдано се извлекуваат паралели помеѓу Косово и Крим, бидејќи тоа се „две потполно различни приказни“... Читать дальше...

Случајот Тимјаник покажа дека ни треба време да пораснеме

SlobodnaEvropa.mk 

На македонското население му треба едукација а не само кампањи, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска по отпорот во селото Тимјаник да се отвори мал групен дом за лица со попреченост. Претставникот на УНИЦЕФ вели дека во Македонија главна пречка е сиромаштијата.

Меј: Со поткопувањето на Владата го отежнуваме Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Гласање во британскиот Парламент за плановите на владата за Брегзит ќе испрати порака до Европската унија и ќе ги отежне преговорите ако пратениците ја поткопаат официјалната позиција, ги предупредила денеска британската премиерка Тереза Мај своите министри, објави Ројтерс. "Премиерката рече дека гласовите се важни во однос на пораката што ја испраќаат до Брисел. Таа рече дека сé што ја поткопува владата дома, ќе ги отежни преговорите со ЕУ", изјави портпарол на британската премиерка, известувајќи... Читать дальше...

Тимјаник покажа дека треба да пораснеме како општество

SlobodnaEvropa.mk 

Тимјаник вчера покажа дека на македонското население му треба едукација. Природно е да се плашите од нешто што не го знаете. Не се откажуваме и ако треба уште 100 или 200 пати ќе се вратиме таму. Има простор за дискусија независно дали ќе се отвори и градинка и мал групен дом. Ќе покажеме дека можеме да пораснеме како општество, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. На брифинг со новинарите во седиштето на УНИЦЕФ во Скопје, Царовска порача дека за надминување на... Читать дальше...

Единаесет загинати во судир на едрилица и товарен брод на реката Волга

SlobodnaEvropa.mk 

Единаесет луѓе загинале при судирот на едирила катамеран со товарен брод на реката Волга, во близина на рускиот град Волгоград, објави ДПА, повикувајќи се на информации од Интеркафс. Официјални претставници на Министерството за вонредни ситуации соопштија дека спасувачките операции завршиле кога било пронајдено и последното тело, 11-тата жртва која била жена. Пет лица биле спасени, од кои тројца итно биле пренесени во болница. Државната новинска агенција ТАСС цитираше неименуван службеник за итни случаи... Читать дальше...

ЗНМ: Новинарите не ѝ се непријатели на полицијата

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата треба да научи дека новинарите, кои известуваат од протести не и се непријатели, туку исто така професионалци на службена должност, кои треба да се заштитат ако бидат нападнати од учесниците во протестот. Таа заштита ја заслужуваат согласно домашното и меѓународното право.  Ова го порача денеска претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на отворањето на работилницата посветена на подобрување на безбедноста на новинарите за време на критични настани, во организација на ЗНМ, МВР, со поддршка на ОБСЕ. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о чемпионате по профмастерству в авиастроении


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Полина Михайлова

Россиянка Полина Михайлова стала чемпионкой Франции по настольному теннису


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Воспитанник Московского дворца пионеров стал лауреатом конкурса «Эксперимент в космосе. Космос для всех»





Путин в России и мире
Москва

«Известия» показали репетицию инаугурации Путина на Соборной площади


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

В Минске одобрен проект соглашения о системе таможенного транзита ЕАЭС




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Илья Лагутенко

Арт: Почему преследуют неудачи в любви эпатажную экс-подружку Ильи Лагутенко, и чем сокровенным она поделилась с Собчак



Москва

Рай на земле. Как жизнь в подмосковном Селятино раскатали фурами

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net