Тимјаник покажа дека треба да пораснеме како општество
На брифинг со новинарите во седиштето на УНИЦЕФ во Скопје, Царовска порача дека за надминување на вакви ситуации не се доволни само кампањи и дејствувања на граѓански организации, туку е неопходно интервенирање преку образовниот процес, уште од најраната предшколска возраст.
Министерката вчера беше во селото Тимјаник, на разговори со месното население, кое се противи на отварање дом за згрижување на четири деца со пречки во развојот, но не успеа да ги одврати од нивниот став.
