Путин и Зеленски пристигнaa во Париз
![Путин и Зеленски пристигнaa во Париз](https://gdb.rferl.org/95D0642F-0200-4059-9239-DD339C173C7C_cx0_cy2_cw50_w800_h450.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега, Володимир Зеленски, пристигнаа во Париз на долгоочекуваните разговори за решавање на воениот конфликт во источна Украина.
Двајцата лидери се состануваат за прв пат, по изборот на Зеленски во април, на разговори во Париз, со посредство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.
Средбата има за цел да ги заживее преговорите за петгодишниот конфликт во кој досега загинаа повеќе од 13.000 луѓе.
Москва негира директна вмешаност во конфликтот меѓу сепаратистичките формации во делови од источна Украина и владата на Киев, иако Русија им дава воена, економска и политичка поддршка на сепаратистите и има значителен доказ за директното воено учество на Русија.