Санкционирани 630 лица за неносење маски
Во текот на изминатото деноноќие за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 630 прекршоци, соопши МВР. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Казните за неносење заштитна маска без ефект
Во текот на вчерашниот ден пак на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 210 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 81 прекршок, нерегистрирани и технички неисправни возила 7, 23 санкционирани мотоциклисти, 74 возила подигнати со пајак, а изречени се и 11 санкции за неносење на заштитна маска.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти ресорното министерство.