Либанскиот мандатар се откажа од формирање нова влада
Либанскиот мандатар Мустафа Адиб денеска поднесе оставка поради политичката блокада во врска со формирање на влада, скоро еден месец откако беше назначен на таа позиција.
Адиб требаше да формира нова влада за да ја замени владата која поднесе оставка по огромната експлозија во пристаништето во Бејрут на 4 август.
„Се извинувам што не успеав да ја извршам задачата за формирање влада“, рече Адиб во телевизиското обраќање по долгите преговори за формирање на владин тим што ќе го одобрат различните ривалски политички сили во земјата.
Неговата најава нанесува удар врз напорите на францускиот претседател Емануел Макрон да се стави крај на опасната блокада во земјата која е погодена од кризата.
Макрон во Либан
Либан би можелo да остане без леб за две и пол недели
Макрон вршеше притисок врз либанските политичари да формираат кабинет составен од независни експерти кои можат да работат на спроведување на итни реформи за извлекување на Либан од разорната економска и финансиска криза што уште повеќе се влоши со експлозијата на пристаништето во Бејрут.
Сепак, напорите на Адиб наидоа на бројни пречки кога најголемите шиитски групи во земјата, Хезболах и Амал, инсистираа на задржување на клучното министерство за финансии.