Гир: Владеење на правото клучно во преговорите со ЕУ
Новиот амбасадор на ЕУ, Дејвид Гир денеска изјави дека владеењето на правото ќе биде клучно во пристапните преговори за членство на земјата во Унијата.
„Тоа е почетна точка, но и последен чекор во преговорите“, изјави Гир при предавањето на акредитивните писма на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски.
Според него, сега се очекува официјалниот почеток на преговорите на Меѓувладината конференција кои, како што порача Гир, ќе бидат онолку исцрпувачки колку што ќе биде големо и задоволството.
Деjвид Гер номиниран за нов шеф на делегацијата на ЕУ на местото на Жбогар
Пендаровски истакна дека новиот амбасадор доаѓа во исклучително значаен момент.
„Сега, во периодот пред нас, на ред е одлуката за почеток на преговорите да се материјализира во што поскоро усвојување на Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и да се закаже првата Меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Северна Македонија која ќе го означи конкретниот почеток на преговорите“, рече Пендаровски.
Гир доаѓа на местото на Самуел Жбогар кој функцијата евроамбасадор ја извршуваше од септември 2016 година досега.