Полицијата во Белорусија приведе десетици демонстранти
Полицијата во Белорусија приведе десетици демонстранти кои излегоа денеска на протестен марш во главниот град Минск. Демонстрантите бараат оставка од претседателот Александар Лукашенко. Во Белорусија повеќе од еден месец траат протестите оти демонстрантите ги оспоруваат резултатите од претседателските избори на 9 август, со кои Лукашенко беше прогласен за победник. На протестите досега илјадници луѓе беа приведени и тепани од полицијата, додека скоро сите клучни лидери на опозицијата беа принудени да ја напуштат земјата или беа апсени.
Во Белорусија осуден фоторепортер на РСЕ
Стотици демонстранти, од кои многу жени, маршираа денеска во центарот на Минск. Тие кратко влегоа во расправа со полицијата, по што полицајците им го блокираа патот. Полицијата потоа приведе десетици демонстранти, многу од нив жени.