Временска прогноза - Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови од земјата претпладне можен е краткотраен дожд. Дневната температура ќе се движи од 23 до 31 степен.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе достигне 29 степени.
Следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Најсвежо наутро ќе биде во понеделник и во вторник.