Американски бомбардери на тренинг мисија над Украина
Трите американски бомбардери Б-52 го завршија тренинг летот во украинскиот воздушен простор, се вели во соопштението на командата на америкснките воздухопловни сили во Европа. Мисијата која била изведена на 4 септември, беше прва од таков тип на вежба. Бомбардерите се со седиште во американската држава Дакорда, но се дел од распределувањето на шест авиони Б-52 во базата на кралското воено воздухопловство во Англија.
Целта на мисијата над Украина беше да обезбеди обука и да се подобрат „капацитетите за колективна одбрана“. Во соопштението на украинското министерство за одбрана е наведено дека украинските ловци Су -27 и Миг – 29 се сретнале со американските бомбардери над границата со Полска и ги придружувале преку украинската територија и назад.