Над 600 ученици од верско училиште во Индонезија заразени со коронавирус
Повеќе од 600 ученици од верско училиште во Индонезија биле позитивни на тестото на коронавирус, изјави денеска портпаролот на индонезиското Миниситерство за здравство. Управата на интернатот на островот Јава стави во карантин околу 6000 ученици, откако најмалку 664 од нив биле позитивни на вирусот.
Најголем дел од учениците нема симптоми или има благи симптоми на ковид-19.
Тестирањето во училиштето почна на средината на август, откако некои ученици се разболеа.
Полицијата и војската го блокираа пристапот до објектот за време на изолацијата.
Индонезија, која е најбројната муслиманска земја во светот, има илјадници слични интернати.
Денеска во земјата биле регистрирани 3000 нови случаи на коронавирус, а од почетокот на епидемијата има 180 илјади заразени и над 7600 починати. Во моментов има 46 илјади активни случаи.