Помпео – Консултации со сојузниците за санкции кон Белорусија
Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека САД бараат итен прекин на насилните активности на белоруските власти против опозициските поддржувачи по оспорените избори на 9 август на кои долгогодишниот авторитарен лидер Александар Лукашенко освои нови шестгодишен мандат.
Помпео исто така денеска рече дека САД разгледуваат значителни таргетирани санкции за секој што е вклучен во кршење на човековите права во Белорусија во консултации со трансатлантските партнери на Вашингтон.
Полицијата апси, масовните протести продолжуваат во Белорусија
Тој рече дека заменик државниот секретар Стивен Бигун, според негови упатства, го посетил регионот минатата недела и го нагласил убедувањето на Вашингтон дека „народот на Белорусија заслужува право да ги избере своите лидери“.
Стотици илјади граѓани излегоа на улиците ширум Белорусија да протестираат против „наместените“ изборни резултати, според кои Лукашенко освои над 80 отсто од гласовите.
Многу земји во светот ги отфрлија изборните резултати и го критикуваа задушувањето на протестите и опозицијата од страна на Лукашенко, и пред и по изборите.