ССК бара директна помош, Заев вети нов сет мерки
На денешната официјална средба со претседателот на Владата, Зоран Заев, и со владиниот економски тим, Сојузот на стопански комори на Македонија (СКМ) ги пренесе приоритетите кои треба да почнат да се реализираат уште во првиот месец од владиниот мандат, за справување со кризата и за економско закрепнување. Претседателката на СКМ, Данела Арсовска, му пренела на премиерот дека најпрво е потребна директна финансиска помош за претпријатијата кои се во тешка состојба и се борат да ја одржат ликвидноста.
„Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци, а воедно да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината“, рекла Арсовска.
Што ја чека новата Влада?
Нема запознавање, соработка веднаш, бара СКМ од Владата
Премиерот Зоран Заев најави стабилност и предвидливост во следниот период и нови мерки за стопанството и за граѓаните. Тој рече дека поради кризата со коронавирусот бројот на отпуштени работници неприродно стасал до 30 илјади, но не и до 140 илјади, како што имало некои информаци. Тој потенцираше дека секое работно место е важно и дека Владата знае како треба да работи на тоа поле.