Вардарци ќе играат пред публика, театарските претстави откажани
Македонскиот народен театар и Театар Комедија ги откажаа претставите до 6 март, според препораката на Владата да се откажат сите јавни собири во текот на наредната недела поради коронавирусот. тие во нивните писмени соопштенија наведоа дека согласно владините препораки, за наредниот период ќе известат дали и кога ќе се одржат претставите од репертоарот.
Ракометниот клуб Вардар, пак, утрешниот натпревар против Момпеље од Лигата на шампионите ќе го игра пред публика, објавија од раководството на нивната официјална Фејсбук страна.
„Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје. Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот“ енаведено во соопштението.
Филипче: Возачот на комбето од Италија бил во домашна изолација
Претходно министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека владината препорака е спортстките натпревари да не се играат пред публика поради намалување на шансите да се прошири коронавирусот.