123ru.net
World News in Macedonian
Февраль
2020

Новости за 25.02.2020

Мета повика на протест под мотото „За Републиката, Уставот, нацијата, единство на народот“

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претсдател Илир Мета ги повика Албанците на протест на 2 март, против актуелната влада под мотото „За Републиката, Уставот, нацијата, единството на народот“. Од кабинетот на Мета објаснуваат дека целта на овој мирен протест е да се подигне свеста на Албанците за одбрана на нивниот суверенитет. И така заладените односи на релација претседател – влада уште повеќе се влошија по одземањето на уставната надлежност на претседателот за именување судии во Уставниот суд и давањето заклетва пред него на уставните судии. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Заев, реформи и ревизија на врховните судии

SlobodnaEvropa.mk 

На протестот во организација на ВМРО-ДПМНЕ против неправдата, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски испрати три барања. Тој побара истрага за доскорешниот премиер, лидерот на СДСМ, Зоран Заев за злоупотреба на службена положба, итна реформа на Советот за реформи во правосудството и ревизија на работата на врховните судии и нивните одлуки. Протестот започна од пред зградата на Јавното обвинителство вечерва во 18:15 часот, по што поддржувачите на оваа партија и присутните граѓани се движеа по кејот на реката Вардар, се до Врховниот суд. Читать дальше...

САД ги критикува Кина и Иран за справувањето со коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги критикуваше Кина и Иран поради нивниот одговор на епидемијата од коронавирусот, обвинувајќи ги двете влади за цензура и за обид за прикривање на сериозноста од ширењето на заразата. Тој го нападна Пекинг поради протерувањето на тројца новинари од Вол Стрит Џурнал и рече дека слободата на медиумите е потребна за точните информации за вирусот да стигнат до јавноста. Тој исто така рече дека иранските власти мора да ја кажат вистината за вирусот, назначувајќи... Читать дальше...



Скапата храна проблем и за оние со редовни приходи

SlobodnaEvropa.mk 

Проблем со купување храна имаат и семејства кои имаат редовни приходи, велат во тетовскиот Црвен крст, а бројот на сиромашни се зголемува. На луѓето треба да им се даде работа, а не оброк, велат во невладината „Градиме Иднина“.

Сите членки на ЕУ ја прифатиле новата методологија за проширување

SlobodnaEvropa.mk 

Посебниот извештај за напредокот на Скопје и Тирана кој го подготвува еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји се очекува да биде објавен во почетокот на март и од него ќе зависи одлуката за двете земји.

Деркоски - Нема гласање без важечки лични документи

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски апелираше до изборите сите гласачи да ги искористат сите можности на институциите и да извадат лични документи, да се запишат или да променат одреден податок во Избирачкиот список. „Ниту еден избирач нема да може да гласа без важечки личен документ на предвремените парламентарни избори на 12 април“, вели Деркоски. Тој повика околу 38.000 лица кои не ги подигнале своите лични документи во МВР да го сторат тоа, бидејќи без нив нема... Читать дальше...

Грција ќе гради затворени центри за мигранти и бегалци

SlobodnaEvropa.mk 

Грчката влада ќе започне со изградба на затворените центри за бегалците и мигрантите кои се сместени на грчките острови. Портпарол на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека веќе се одржал исцрпен дијалог со локалните власти, но дијалогот не може да трае вечно, ниту да биде алиби за неактивност. Тој вели дека во случај да има нов обид од локалното население да ја спречи изградбата ќе сторат сè што е потребно за да се спроведе владиниот план”. Пецас вели дека овој план е во корист на земјата. Читать дальше...

Помпео - Авганистан има историска можност за мир

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистан има историска можност за мир, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, откако Вашингтон постигна привремено примирје со талибанците. Помпео денеска изјави дека ако примирјето се покаже како успешно, американскиот претседател Доналд Трамп може да потпише мировен договор со талибанците некаде околу 29 февруари, со што треба да се стави крај на најдолгата војна во која учествува САД. На почетокот од овој месец, двете страни најавија еднонеделно „намалување на насилството“, што стапи на сила од почетокот на 22 февруари. Читать дальше...



Патникот од Дубаи нема коронавирус, има грип

SlobodnaEvropa.mk 

Патникот што допатувал од Дубаи и кој имаше симптоми слични на грип, а беше хоспитализиран на Инфективната клиника нема коронавирус. Тестирањето на пациентот покажало дека тој бил позитивен на Инфлуенца тип Б. Тој допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи. Имал симптоми слични на грип. Направени биле тестовите и кон ова лице се постапувало со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус, велат од Министерството за здравство. Од таму апелираа сите... Читать дальше...

Рускиот дипломат во Женева бил воен разузнавач

SlobodnaEvropa.mk 

Русинот, кој во швајцарскиот град Женева, бил акредитиран како дипломат всушност бил воен разузнавач поврзан со таен тим кој вршел труења низ Европа, се наведува во новиот извештај на истражувачката организација Белигкат. Денешниот извештај е последниот за операциите на тајните руски агенции и во него се изнесуваат мислењата на експертите според кои Москва презема агресивни методи за разузнавање, саботажи, па дури и атентати низ светот. Во март 2018 година поранешниот руски агент Сергеј Скрипал... Читать дальше...

Коронавирусот се шири низ Европа, стигна и на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватска и Австрија денеска соопштија дека ги имаат првите потврдени случаи на коронавирус на нивна територија. Бројот на заболени во Италија расте, а во Иран коронавирус доби и заменик-министерот за здравство.

Влада: Да се одложат патувањата и екскурзиите во Италија

SlobodnaEvropa.mk 

Владата денеска на седница донесе одлука да ги задолжи сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, како и да организира едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје. На граѓаните на земјата им се препорачува да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на коронавирусот. Ова се дел од повеќето заклучоци кои Владата денеска на 11. Читать дальше...

Мета: во „државниот удар“ во Албанија се вмешани и странски амбасадори

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател Илир Мета, зборувајќи за, како што го нарече, „државен удар“, обвини меѓународни претставнци дека се вмешани во него, додавајќи дека „амбасадорите излегле од нивниот дипломатски статус во Албанија“. „Зошто тие излегоа од нивниот дипломатски статус во Република Албанија? Замислете исто како албанската амбасадорка во Рим да ја доведе во прашање уредбата на Претседателот на Италија! Тие ќе ја спакуваа и за 24 часа ќе беше на аеродромот во Тирана. Сепак, тие го сторија тоа, иако... Читать дальше...

Повредените во Романовце се уште во критична состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Здравствената состојба на тројцата повредени во експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце е крајно тешка, a oсобено на двете жени кои се наоѓаат во Единицата за интензивно лекување и нема никаква промена во однос на нејзино подобрување, изјави денеска директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар – ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани. „Состојбата на мажот кој се наоѓа во Единицата за интензивно лекување на Клиниката... Читать дальше...

Потврден случај на коронавирус во Хрватска

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватска го потврди првиот случај на коронавирус на своја територија. Премиерот Андреј Пленковиќ денеска рече дека пациентот е хоспитализиран во болница во Загреб. „Се работи за помлад човек со лесни симптоми. Тој е во изолација и се наоѓа во добра кондиција во моментов“, рече Пленковиќ. Министерот за здравство Вил Берош рече дека пациентот бил во италијанскиот град Милано од 19 до 21 февруари.

Протести за правда како предизборен фолклор

SlobodnaEvropa.mk 

И власта и опозицијата протестираат за правда во пресрет на изборите. Полесно е да се протестира, отколку да се засукаат ракавите и да се работи, посочува поранешниот претседател на Уставниот суд, Дане Илиев, кој вели дека тие во парламентот имаат можност да ги направат реформите во законодавството.

Вкупно 52 лица повредени на карневалот во Германија

SlobodnaEvropa.mk 

Германските власти соопштија дека 52 лица се повредени откако човек со возило влета во насобраните на карневалот во западната држава Хесе. Полицијата сооопшти и дека меѓу повредените во вчерашниот инцидент во градот Фолкмарзен има 18 деца. 35 луѓе се уште остануваат во болница. Обвинителството соопшти дека повредените се на возраст од две до 85 години. 29-годишниот германски државјанин кој влета во толпата е приведен под сомнение за убиство. Неговиот мотив се уште е непознат, а надлежните ги отфрлија наводите дека бил пијан. Читать дальше...

Почина Хосни Мубарак, поранешниот претседател на Египет

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак починал во болница во Каиро на 91 година, јави денеска државната египетска телевизија. Мубарак беше на власт речиси три декади, а беше симнат од војската во февруари 2011 година по протестите кои тогаш се случуваа низ целата земја. Во јуни 2012 година беше осуден за вклученост во убиството на демонстранти за време на протестите и беше осуден на доживотен затвор. Повисокиот суд во март 2017 година го ослободи од обвинението.

Граѓаните не веруваат во проектите на партиите, а тие и натаму ветуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните кои ги анкетиравме се скептични и не им веруваат на политичарите на големите проекти кои ги ветуваат пред изборите, како автопатот Скопје-Битола или пругата кон Бугарија. Не е прв пат овие проекти да се најдат во изборната програма на партиите.


Музыкальные новости
Концерт

Концерт группы «Пикник» в Петербурге начался с минуты молчания о жертвах теракта





Персональные новости
Владимир Потанин

Федеральный девелопер: ЦФА позволят легко и просто накопить квадратные метры и "обернуть" их в квартиру





Филипче: луѓето со симптоми на коронавирус да се јават во Институт за јавно здравје

SlobodnaEvropa.mk 

Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба за коронавирусот. Здравствениот систем е подготвен и спремни се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Апелираше патниците кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството, односно доколку почувствуваат некои од симптомите, да не шетаат по здравствените установи, туку... Читать дальше...

Новата методологија за проширување пред телата на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за општи и заеднички работи на Европската унија на денешниот состанок ќе расправа за новата методологија за пристапните преговори со земјите од западниот Балкан. Хрватската државна секретарка Андреја Метелко- Згомбиќ, во име на претседавач со Европската унија, рече дека денешниот состанок е првиот чекор. “Европската комисија ќе не извести за предлогот за идната ревидирана методологија за проширување и за тоа како течат подготовките за извештаите за напредокот на Северна Македонија и на Албанија“, рече таа пред состанокот. Читать дальше...

Рочиштето за „Титаник“ одложено поради отсуство на Кирил Божиновски

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ продолжува на 5 март поради отсуство на обвинетиот Кирил Божиновски. На денешното рочиште требаше да бидат сослушани тројца сведоци, кои се повикани за следното рочиште заедно со уште шест редовно закажани сведоци. Адвокатите на обвинетиот Божиновски, го информирале судот дека тие заедно со клиентот учествуваат на закажаната главна расправа по предметот „Талир 2“. Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. Читать дальше...

Поранешниот претседател на Ерменија на суд за корупција

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот претседател на Ерменија Серж Саркисијан денеска е на суд како обвинет за корупција, што според него е политички мотивирано. Судењето на 65 годишниот Саркисијан и четворица негови соработници во судот во Ереван доаѓа речиси две години по падот од функцијата на која беше десет години. Тој е обвинет за координација на шемата преку која се земени речиси еден милион американски долари од владините фондови во 2013 година. Според обвинението Саркисијан се соочува со казна затвор од осум години. Читать дальше...

АНА КАП ТРИО и Џијан Емин – трауматична француско-македонска врска во Филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

Во Филхармонија, в сабота, на 29 февруари во 20 часот, ќе се случи се* само не обичен концерт. Ќе настапат француското АНА КАП ТРИО, нивниот пријател Џијан Емин, Оливие Самолиан - неговиот соборец од ПРОЕКТ ЖЛУСТ и гудачи од Оркестарот.

Милошоски ја достави до обвинителството и втората „бомба“ за Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска ја однесе и втората аудио снимка на која се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. Милошоски викендов од партиското седиште ја објави аудио снимката во која, како што рече се слушало како Заев носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки. Бомбите на Милошоски индиции или средство за политички поени? Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

GeekVape в сотрудничестве с Absolute Racing выиграла чемпионат в категории GT3


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Азаренко вышла в полуфинал турнира WTA-1000 в Майами


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

В Москве прошла эковыставка Hydrate The World





Путин в России и мире
Москва

Путин уточнил у Беглова причины снижения популярности Петербурга у туристов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире
Москва

Силовики задержали за сутки пятерых журналистов, часть проходит по делу об «участии в работе ФБК», одного жестоко избили при задержании



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Ольга Бузова

Ольга Бузова стала человеком-невидимкой на ТВ-3 в новом сезоне легендарного шоу о звёздах



Москва

Педагогическая дилемма: почему учителя не хотят работать в школах

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net