123ru.net
World News in Macedonian
Февраль
2020

Новости за 14.02.2020

Заврши расправата за Законот за јавно обвинителство

SlobodnaEvropa.mk 

Откако вечерва заврши дискусијата за Законот за јавно обвинителство, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од еден час и најави дека во 22 часот ќе почне 136-тата седница на која треба да се расправа за разрешувањето на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи. „Гласањето ќе се спроведе кога координаторите на пратеничките групи ќе го обезбедат потребното мнозинство“, рече Џафери. Џафери им се обрати на „фесбук мејкерите“ кои барале од него седниците да траат до 22 часот, посочувајќи дека во салата нема доволно пратеници.

Ѓукановиќ - Црна Гора треба да има своја православна црква

SlobodnaEvropa.mk 

Црна Гора треба да има својата православна црква, што ќе биде одвоена од Српската црква и Србија за да го консолидира својот национален идентитет, изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Тој го изјави ова по протестите во Црна Гора, кои траат повеќе од еден месец, организирани од Митрополијата црногорско-приморска на СПЦ, незадоволни од донесувањето на Законот за слобода на вероисповед. „Долготрајните тензии околу проблемот ескалираа кога Владата во декември донесе закон, кој може да... Читать дальше...

Потопло од Дојран – на Антарктикот измерени 20,75 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Научниците на Антарктикот измерија нов рекорд на температурата, 20,75 степени целзиусови, со што за првпат се надминати 20 степени, јавува агенцијата Франс Прес. „Никогаш не сме виделе толку висока температура на Антарктик“, рече бразилскиот научник Карлос Шаефер. Тој предупреди дека температурата измерена во набљудувачката станица на 9 февруари не треба да се гледа во рамки на трендот на климатски промени, бидејќи е еднократна температура и не е дел од долгорочно набљудување и истражување. Но... Читать дальше...



ДИК ги отфли барањата на Мизрахи и очекува да се распишат изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија (ДИК) очекува да се распишат изборите за предвремените парламентарни избори најавени за 12 април. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека тие се подготвени да ја одржат првата седница ако во недела се распушти Собранието. „ДИК очекува да се распишат изборите онака како што е најавено и онака како што сите знаеме и дека од тоа причини презеде определени мерки или дејствија во изминативе денови за да се организира на време, веднаш по распишувањето да ја одржиме... Читать дальше...

Нема спиење – Собранието ќе работи без прекин до распуштањето

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва најави дека Собранието ќе работи без прекин додека да се распушти и не се распишат предвремените парламентарни избори најавени за 12 април. Цел ден трае расправата за Законот за јавно обвинителство.

Бројката на починати од коронавирусот се искачи на 1381

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеските власти денеска соопштија дека има уште 122 смрти случаи од корановирусот, а шест од нив се медицински персонал, со што бројката на починати од новиот респираторен вирус ЦОВИД-19 достигна 1381. Властите ги објавија бројки за медицински работници заразени со коронавирус, во услови на зголемена загриженост поради недостаток на доволно заштитна опрема. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вкупниот број на заразени од вирусот во светот се искачи на скоро 64.000 случаи, скоро сите во Кина. Читать дальше...

Пратеничките „игри“ во фокусот, зад нив НАТО и коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Речиси цела недела во фокусот на пишаните и електронските медиуми е новиот закон за ЈО кој конечно пристигна пред пратениците. Како и некои навестувања од владејачката партија за ново парламентарно мнозинство за да биде обезбедено неговото изгласување.

Курти – Само мафијата е интегрирана на Западниот Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Куртин денеска рече дека на Западниот Балкан мафијата е единствен сектор кој е целосно интегриран. Тој ова го рече за време на Минхенската безбедносна конференција. Ова е прво негово учество на некој меѓународен собир откако стана премиер на Косово. Кој е Албин Курти? Од улица до премиерска функција Тој рече дека обвинителите треба да бидат најпознатите личности на Западниот Балкан. „Мафијата е единствен сектор кој е во целост интегриран на Западниот Балкан. Она што... Читать дальше...



Собранието ќе работи без пауза до донесување на законот за ЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 19 часот на расправата за Предлог-законот за Јавно обвинителство, и рече дека по паузата седницата ќе трае без прекин додека законот не биде донесен. Во текот на дискусијата, пратениците од владејачкото мнозинство уште еднаш повторија дека донесувањето на законот за ЈО ќе значи почетокот на борбата против корупцијата и криминалот, додека нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ им возвратија дека го туркаат со сила и противуставно, само за да се спасат... Читать дальше...

Хрватска очекува укинување на визите за САД

SlobodnaEvropa.mk 

САД треба да ги укинат визите за Хрватите до крајот на годинава, а двете држави ќе потпишат договор за избегнување двојно оданочување, изјави во Минхен хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања Гордан Грлиќ Радман. Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се единствените членки на ЕУ на кои САД сè уште не им ги укинале визите. Полска беше исклучена од визниот режим кон крајот на минатата година. Радман се состана со американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Минхен и... Читать дальше...

Рама - Мини Шенген не е „план Б“ за Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама, оценува дека идејата за сеопфатен регионален Шенген помеѓу шест земји од Западниот Балкан, базиран на четирите слободи на ЕУ (слободен проток на стока, капитал, услуги и работа), не е замена, туку најдобриот начин за подготовка за интеграција во ЕУ. Во уводникот на „Еуроактив“, насловен „Мини-шенген не е план Б за Западен Балкан“ Рама оценува дека на Европската Унија не ѝ е потребна само стабилност во Западниот Балкан туку и помирување. „Сите ја делиме целта за европска... Читать дальше...

„Мојот маж“ на Витошевиќ во Драмски театар - дијалог со расказите на Бужаровска

SlobodnaEvropa.mk 

Во Драмски театар-Скопје, в сабота на 15 февруари, во 20 часот, ќе се случи праизведбата на „Мојот маж“, претстава работена по книгата на писателката Румена Бужаровска во режија на Нела Витошевиќ. Претстава за која се вели дека е обид да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото.

Тимоние - Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на судството

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вели дека е важно да се донесе Закон за јавно обвинителство, како и оти влезот на земјава во Европската Унија зависи многу и од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата. „Пожелно е и важно е да биде донесен Закон за јавно обвинителство, затоа што тоа е барање уште одамна од Европската Унија и од државите членки, затоа што со тоа треба да се зајакнат, но и затворат сите судски постапки кои беа отворени и отпочнати од Специјалното јавно обвинителство. Читать дальше...

Путин и Зеленски разговарале за размена на затвореници

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, телефонски разговарале за подготовката на нов Самит во таканаречен нормандиски формат и за можна размена на заробеници, соопшти денеска кабинетот на Зеленски. По победата на минатогодишните претседателски избори, 41-годишниот поранешен комичар Зеленски успеа да ја испреговара долго очекуваната размена на затвореници со Русија, по што двете земји разменија десетици затвореници во септември и во декември. Украина смета... Читать дальше...

Собранието расправа за Законот за Јавно обвинителство

SlobodnaEvropa.mk 

По повеќекратни процедурални забелешки, тензични реплики контрареплики, обвинувања и контраобвинувања за криминал, и две паузи по еден час, попладнево почна расправата по Предлог-законот за јавно обвинителство. Репликите и контрарепликите најчесто се меѓу пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Седницата претпладнето почнуваше двапати и имаше две паузи од по еден час. Министерката за правда Рената Дескоска на Фејсбук објави дека поради очигледната намера на некои политички... Читать дальше...

Борисов ги нарече новинарите мисирки, реагираа Репортери без граници

SlobodnaEvropa.mk 

Репортери без граници побара од бугарските власти да запрат со обидите за застрашување на новинарите, кои според организацијата, се мета на лични вербални навреди и напади од високи претставници на власта. Во соопштението објавено вчера Паулин Адес- Мевел, раководител на одделот на Репортери без граници за ЕУ и Балканот, побара од претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли „јасно да ги осуди ваквите напади“ наведувајќи дека ЕУ не може да си дозволи во нејзина земја-членка да се случуваат... Читать дальше...

Пратеници за пет години потрошиле речиси три милиони евра за патни трошоци

SlobodnaEvropa.mk 

Извештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година што денеска Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) го презентираше покажува дека вкупниот трошок во овие пет години е 2.895.605 евра. Членот на ДКСК Катица Николовска образложувајќи ја анализата рече дека се гледа тенденција на намалување на трошоците за превоз. Таа рече дека во 2015 година исплатените надоместоци на пратениците во Собранието за користење на автомобил се 770.883 евра, во 2016 ... Читать дальше...

Кандидат за градоначалник на Париз се откажа од трката поради секс скандал

SlobodnaEvropa.mk 

Кандидат за градоначалник на Париз се откажа од трката поради објавени секс фотографии и разговор кои што наводно на интернет ги закачил руски уметник. „Интернет страница и социјалните медиуми објавија срамни напади врз мојот приватен живот“, рече денеска Бенџамин Гриво додавајќи дека објавата за наводното сексуално видео деновиве отишла предалеку. Гриво, кој е член на центристичката партија на францускиот претседател Емануел Макрон си даде оставка од владината позиција лани за да влезе во трката... Читать дальше...

Инфективна клиника: двајца пациенти со компликации од грип во критична состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца пациенти со компликации од грип се на механичка вентилација на Универзитетската Клиника за инфективни болести и се во животозагрозувачка состојба, информираат од таа јавна здравствена установа. На Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 38 пациенти со компликации од грип. На Универзитетската Клиника за детски болести, пак, се хоспитализирани 17 пациенти со симптоми на грип, но сите немаат компликации. Директорката на Клиниката, Наташа Најдановска Алулоска денеска изјави дека две деца... Читать дальше...


Музыкальные новости
Елена Волкова

Стали известны дата и место проведения II Международного телевизионного конкурса детской авторской песни «Наше поколение»





Персональные новости
Александр Бастрыкин

Бастрыкин взял дело хирурга, на которого пожаловались пациенты, на контроль





„Рекет“ денеска затворен за јавноста

SlobodnaEvropa.mk 

Денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ е затворено за јавноста. Ова го одлучи судијката Васка Николовска- Масевска откако обвинителката Вилма Русковска информираше дека разговорот кој денеска ќе се презентира како доказ меѓу обвинетите Бојан Јовановски и Зоран Милевски е „сензитивен“. Русковска тоа го кажа на вчерашното рочиште на што се спротиставија Јовановски и обвинетата Катица Јанева кои бараа јавноста да биде присутна. При влегувањето во судот Јовановски се пожали дека бил физички нападнат... Читать дальше...

Груби: односите со СДСМ не се нарушени

SlobodnaEvropa.mk 

Ставот на ДУИ е целосна апсолутна недвосмислена поддршка на предлог законот за јавно обвинителство, за совет за јавно обвинителство, за одбрана, за АВМУ, за игрите на среќа, на законот за ветинги сите други закони кои што се во процедура, вклучено и консензуално срочениот текст на Изборниот законик. ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април и Собранието да се распушти до недела со усвоени закони, рече денеска на прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби. Читать дальше...

Заев смета дека СДСМ има капацитет и за ново мнозинство

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска рече дека пораката на генералниот партиски секретар Љупчо Николовски била „да престанат игрите што се играат во парламентот“. По вчерашните речиси целодневни партиски договарања за поддршката на владиниот предлог закон за Јавно обвинителство, за кој се неопходни 80 гласови и по информациите дека ДУИ и Беса излегле со свои барања, Николовски на Фејсбук напиша дека ако „продолжат тактизирањата постоела реална можност тие да направат ново парламентарно мнозинство. Читать дальше...

Собраниската седница за законот за ЈО почна со расправии

SlobodnaEvropa.mk 

Во Собранието претпладнево продолжи седницата на чиј дневен ред е Предлог-законот за јавно обвинителство, а почетокот на продолжението помина во меѓусебно обвинување на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за тоа кој сака или не сака да се донесе ова законско решение, кој сака или се плаши да оди на предвремените парламентарни избори, или кој сака да се заштити од направените криминали. По ова, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од еден час. Пред почетокот... Читать дальше...

Пакистанската влада усвои контроверзен закон за социјалните мрежи

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистанската влада ги усвои новите правила за регулирање на содржините на социјалните мрежи кои според критичарите им даваат можност на властите да ги замолчуваат неистомислениците и да ја загрозат слободата на говорот. Законот бил потврден од федералниот кабинет кон крајот на минатиот месец, без јавна консултација, а медиумите за него дознаа вчера. Текстот предвидува компаниите кои стојат зад социјалните мрежи да се сметаат за одговорни за спречување на пренесување во живо на каква било содржина која е поврзана со „тероризам... Читать дальше...

Парламентарен состав за трауматично носење закони

SlobodnaEvropa.mk 

Донесување на закони во последен момент, по скратена постапка, во тензична атмосфера, со меѓусебни политички обвинувања и партиски тактизирања. Ова е сликата по која ќе остане запаметен актуелниот пратенички состав, кој за два дена ќе биде распуштен.

Спорт в России и мире
Москва

«Динамо» (Москва) одержало победу в третьем матче полуфинала


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Сафиуллин не смог выйти во второй круг турнира ATP в Барселоне


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

HTX Ventures сотрудничает с Core Venture Network для расширения возможностей инноваторов Core Chain





Путин в России и мире
Москва

IV Конгресс молодых ученых пройдет 20-22 ноября в Сириусе | Новости науки


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

У помощника Лукашенко по общим вопросам нашли три квартиры в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

В Киеве обвинили Зеленского в неспособности добиться нового пакета помощи от США


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Моргенштерн

Моргенштерн* назвал близкого друга «чертом» и позвал его на стрим



Москва

Аэрофлот и «КрасАвиа» заключили интерлайн-соглашение

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net