123ru.net
World News in Macedonian
Февраль
2020

Новости за 19.02.2020

Заев потврди дека прашувал од каде се финансира 1ТВ

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека партијата се рекламирала на телевизијата 1ТВ, како што тоа го правела и на други телевизии, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира предавањето на аудио снимката во обвинителството од страна на пратеникот Антонио Милошоски, кој претходно истата ја пушти во Собранието.  „Тоа го правиме на транспарентен начин. Ако видите дека сме помагале на тогашната 1ТВ, сме помагале и на Сител, на Канал 5 и на други и сме добиле сериозен маркетингшки... Читать дальше...

Потсекретарот за одбрана на САД кој одобри воена помош за Украина поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Џон Руд поднел оставка од неговата функција како висок политички претставник во министерството за одбрана по две години од неговото назначување. „Би сакал да му се заблагодарам на Џон Руд за неговата служба за нашата земја и да му посакам добро во неговите идни напори“, напиша Трамп на Твитер. Блумберг повикувајќи се на анонимни извори, објави дека Руд се соочил со притисок да си даде оставка, откако официјалните лица изгубиле доверба... Читать дальше...

Ирачкиот премиер Алави го состави неговиот кабинет

SlobodnaEvropa.mk 

Ирачкиот премиер Мохамед Тафик Алави изјави денеска дека го составил неговиот кабинет и го повика парламентот да одржи вонредна седница следната недела за да му изгласа доверба. Доколку биде прифатена новата влада, тој порача дека нејзината прва обврска ќе биде да се истражи убиството на демонстрантите и да се изведат сторителите пред лицето на правдата. Алави исто така вети одржување предвремени избори ослободени од „влијанието на пари, оружје и мешање во странство“ и ги повика демонстрантите... Читать дальше...



Двајца Иранци починале од коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца Иранци кои биле заразени со коронавирусот починале во болница во шиитскиот свет град Ком. Нивната смрт ја потврди портпаролот на Министерството за здравство, Киануш Јаханпур на Твитер. Тие починале од респираторни заболувања, откако биле тестирани позитивно на вирусот. Јаханпур додаде дека медицинските тимови се распоредени во Ком и останатите лица за кои се сомнева дека се заразени со вирусот се ставени во карантин.

Влада: Поништувањето на решенијата на Чулев е согласно законот

SlobodnaEvropa.mk 

Владата денеска ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите за распоредување на министерот се незаконски. „Согласно Законот за Влада и согласно договорите од Пржино од 2016 година, техничкиот министер за внатрешни работи во мандатот на предната влада има право да изврши само 15 промени во раководните структури на МВР, и тоа само по хоризонтална линија. До моментот на одржувањето на 9-тата седница, техничкиот... Читать дальше...

Шпанија ќе го поддржи отворањето на преговорите со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на шпанската дипломатија Аранча Гонзалес Лаја изјави денеска дека нејзината земја ќе го поддржи отпочнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ на состанокот на Европскиот совет во март. Таа по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров во Мадрид истакна дека Шпанија со Франција работи на обезбедување консензус за ова прашање. Димитров изјави дека со новата методологија за проширување на ЕУ ќе биде многу тешко, дури и засрамувачки, да и се каже повторно не на Северна Македонија. Читать дальше...

Хоспитализирани 36 пациенти со грип, еден во критична состојба

SlobodnaEvropa.mk 

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден се прегледани 24 пациенти со грип. Хоспитализирани се вкупно 36 пациенти со грип и компликации, информираат денеска од таа јавна здравствена установа. На Одделот за интензивно лекување, како што посочија вчера од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип од типот AH1. Од Клиниката посочија дека изминатиот... Читать дальше...

Кујунџиски: Годишниот конкурс на Министерството за култура треба да оди на ревизија

SlobodnaEvropa.mk 

БУКСТАР и РЕПЕР, европскиот фестивал и списанието за критичка мисла згаснуваат во период на „европски ориентирана“ влада која се бори за „слободата на говорот“, вели Жарко Кујунџиски од „Антолог“ по објавувањето на резултатите од Годишниот конкурс на Министерството за култура.



Утринските сомнителни повици доаѓале од Литванија и Естонија

SlobodnaEvropa.mk 

Пропуштените повици од непознати странски броеви регистрирани изутрината кај домашни корисници на мобилна телефонија најчесто потекнувале од Литванија, Естонија и сателитскиот операторот „Глобал Стар“, информира Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) по денешниот итен состанок со мобилните оператори. Од АЕК истакнуваат дека операторите ги презеле сите безбедносни мерки и до девет часот изутрината најголем дел од броевите преку кои се остварувала измамата се блокирани, но оти тоа не значи дека... Читать дальше...

Техеран не ја предава оштетената црна кутија од урнатиот украински авион

SlobodnaEvropa.mk 

Црната кутија од украинскиот патнички авион кој беше урнат по грешка минатиот месец е оштетена и Иран нема да ја даде на друга земја и покрај притисоците тоа да го стори, јавија денеска државните медиуми повикувајќи се на изјави на иранските министри. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф рече дека тие имаат право да ја прочитаат црната кутија и да бидат присутни на какво било нејзино испитување. Министерот за одбрана Амир Хатами, пак, наведе дека податоците за летот снимени... Читать дальше...

Невенчани жени „бесплатни проститутки“, изведувачи на Квин „хомосексуалци“

SlobodnaEvropa.mk 

За поп од Руската православна црква жените во граѓански брак само „даваат бесплатни услуги и никогаш нема да бидат вистински сопруги“. За професори пак од средно училиште во Санкт Петерсбург настап на ученици со песна од групата Квин претставува промоција на хомосексуалност.

Вице Заев демантира дека го имало на снимки поврзани со „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Вице Заев, брат на поранешниот премиер, а актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев, денеска преку соопштение до јавноста демантира каква било негова или на член од неговото семејство поврзаност со случајот „Рекет“. „Изнесените невистини дека сум се среќавал со лицата осомничени за овој случај, дека сум седел, дека ме имало на некои снимки ги демантирам, тоа не е точно. Обидите за мое инволвирање на каков било начин во валканата политичка кампања сметам дека е намерно, лажно и тенденциозно со единствена цел... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ ја попречува техничката влада

SlobodnaEvropa.mk 

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска пред зградата на Основното јавно обвинителство рече дека сака да ја информира домашната и меѓународната јавност дека техничкиот премиер Оливер Спасовски продолжувал да го попречува функционирањето на техничката Влада. Тој тврди дека на седницата на Владата што се одржала во саботата на 15 февруари со мнозинство гласови бил усвоен предлогот да се поништат пет решенија, што веднаш во координација, како што вели, со дел од службата во Владата... Читать дальше...

Ветувањата за полни џебови и нови патишта тешко остварливи

SlobodnaEvropa.mk 

Повисоки плати, пензии, нови патишта, летови до нови дестинации, намалена невработеност, инвестиции се само дел од работите што ги ветуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во очекување на стартот на изборната кампања. Кампањата треба да започне на 23 март, а предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април. Дел од ветувањата се неостварливи, вели стопанственикот Мендерес Кучи.

Бугарската влада дава пари за организации на Бугари и во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарската влада денеска реши да даде 500 000 лева (околу 260 000 евра) за финансирање на проекти на Бугарите во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и на граѓански организации со бугарска самосвест во Северна Македонија, јавува бугарската национална телевизија БНТ. Парите ќе бидат распределени преку буџетот за 2020 година на бугарското министерство за надворешни работи. БНТ јавува дека целта на оваа владина одлука е да им се помогне на организациите за подобрување на нивната инфраструктура... Читать дальше...

Инцко: Република Српска не може да се отцепи од БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Одлуката на Уставен суд на Босна и Херцеговина за статусот на земјоделско земјиште како државно ќе биде спроведена, а ентитетот на Република Српска нема да може да се отцепи, изјави високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, Валентин Инцко. „Државен имот секаде постои и сега поради еден дел на таа одлука за земјоделското земјиште се креваат тензии. Можеби сето тоа служи и за други цели, иако е несомнено дека РС е дел од државата БиХ“, посочи Инцко додавајќи дека одредени лица во БиХ ги мешаат термините територија и државен имот. Читать дальше...

Први случаи на коронавирус во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти соопштија дека се потврдени двајца заболени од коронавирус во земјата, што се први случаи на овој вирус во Иран, јави денеска иранската агенција ИСНА. Агенцијата го цитира министерот за здравство Кијаноуш Јаханпур кој рекол дека двата потврдени случаи се во централната провинција Ќом. Тој додал дека медицински лица веќе се отидени во провинцијата, а двајцата заболени се во карантин. Во меѓувреме бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 2004 лица, 132 повеќе од претходниот ден. Читать дальше...

АЕК: граѓаните да не креваат телефон на непознати странски броеви

SlobodnaEvropa.mk 

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски. Во меѓувреме, како што советува, граѓаните не треба да одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на двата мобилни оператора Македонски Телеком и А1. Димитријоски најави дека службите на АЕК ќе одржат состанок со мобилните оператори... Читать дальше...

Поранешната министерка Јанкулоска сведочеше во „Монструм“

SlobodnaEvropa.mk 

Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковското езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во времето на убиството во 2012 година беше министерка за внатрешни работи. Таа денеска во нејзиното сведочење во предметот „Монструм” рече дека дел од информациите биле издржани, но дел и веднаш отфрлани. Обвинителката Фатиме Фетаи ја прашуваше Јанкулоска за информации произлезени од таканаречените бомби кои беа пуштани во судот. Читать дальше...


Музыкальные новости
Людвиг ван Бетховен

Торжественная месса Бетховена прозвучит в Мариинском в день 200-летия со дня первого исполнения





Персональные новости
Актёр

Актера Свиридова госпитализировали из-за инфицирования после операции в Москве





Ердоган: турската воена операција во Сирија е прашање на време

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека воената операција во северозападниот сириски регион Идлиб е прашање на време ако силите на претседателот Башар ал-Асад не се повлечат од турските позиции. Оваа изјава предизвика критики од Москва. Турција очекува Русија веднаш да сопре со акцијата во Сирија Ердоган на пратениците од неговата Партија за правда денеска им рече дека разговорите со Русија, која е најголем поддржувач на режимот на Асад, се далеку од задоволување на барањата на Анкара. Читать дальше...

Во струмичко пронајдени пет мигранти во товарно возило

SlobodnaEvropa.mk 

На локалниот пат од село Банско за село Робово, на влезот во струмичкото село Робово, вчера утрото полициски службеници во товарно возило „ивеко фургон“, со скопски регистарски ознаки, пронашле пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан. Од МВР денеска информираа дека шеесет и двегодишниот скопјанец кој го возел товарното возило бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица. Против возачот е поднесена кривична пријава, а мигрантите се предадени во Прифатните центри, соопшти министерството. Читать дальше...

Милошоски ја достави до Русковска „бомбата“ која ја пушти во Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска во Јавното обвинителство и ја предаде аудио снимката на обвинителката Вилма Русковска која минатата недела ја пушти од собраниската говорница. На неа, како што рече, се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев кој со непознато лице разговара за финансирањето на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски. „Според она што ми беше објаснето од обвинителката Русковска е дека овие материјали таа ќе ги вклучи во предметот кој што се води за Меѓународниот сојуз. Читать дальше...

Расте бројот на починати од коронавирусот во Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 2004 лица, 132 повеќе од претходниот ден. Бројот на потврдени случаи заболени од коронавирусот во таа земја, според последните информации е 74 185, а 700 случаи се потврдени во други земји од светот. Во меѓувреме Украина испрати авион да ги земе своите државјани од Вухан, кинеската провинција која е епицентар на вирусот. Авионот се очекува да стигне в петок утрото во Киев, а украинскиот министер за здравство соопшти дека ќе евакуираат... Читать дальше...

Измените во Изборниот законик и партиските математики

SlobodnaEvropa.mk 

Измените на Изборниот законик во последен момент пред распуштање на Собранието ќе направат префрлање на гласовите од шестата во петтата изборна единица, односно на избирачите од Дебар и од Маврово-Ростуше. Тоа според поранешниот член на ДИК, Схуби Јакупи нема да влијае врз изборните резултати.

700 милиони евра за модернизација на армијата во следни 10 години

SlobodnaEvropa.mk 

Власта предвидува дека во период од 2019 година до 2028 година ќе треба да се потрошат 700 милиони евра за модернизација и опремување на војската со цел успешна и квалитетна интеграција во НАТО. Познавачите на одбранбениот сектор велат дека ова е амбициозен, но сепак неопходен план.

Спорт в России и мире
Москва

Трехкратный обладатель Кубка Гагарина уволил тренера и назначил нового


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Даниил Медведев

Битые корты: Медведев и Александрова вышли в четвертьфинал Miami Open


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о создании информационной системы состояния окружающей среды





Путин в России и мире
Москва

«Он боится»: почему Байден позволяет себе оскорбления в адрес Путина


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире
Москва

Силовики задержали за сутки пятерых журналистов, часть проходит по делу об «участии в работе ФБК», одного жестоко избили при задержании



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Татьяна Рязапова

АИРР на Стартап-туре 2024



Москва

Уличное освещение в Москве перевели на летний режим работы

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net