Прв случај на коронавирус во субсахарска Африка
Нигерија го потврди првиот случај на коронавирус на своја територија со што стана и прв регистриран случај на ова заболување регистриран во субсахарска Африка. Како што се јавува се работи за италијански државјанин кој работи во земјата. Министерството за здравство денеска соопшти дека тој се вратил во Нигерија од Милано на 25 месецов. Претходно два случаи на коронавирус беа потврдени во северна Африка- еден во Египет и еден во Алжир. Здравствените експерти се загрижени за земјите во Африка во случајот да избувне коронавирусот предупредувајќи дека тамошните здравствени системи можеби не се подготвени за одговор.
СЗО: коронавирусот предизвикува загриженост, но не е пандемија