СДСМ и Беса потпишаа договор за заеднички изборен настап
СДСМ и Движењето Беса денеска го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април 2020 година.
Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите за програмата и носителите на изборните листи. Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето Беса , се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.
СДСМ и Беса се залагаат, како што се наведува се залагаат и за борба против корупцијата и праведно судство, а интеграцијата во ЕУ останува единствена опција.