МВР пронајде 40 мигранти во велешко комбе
Вчера рано утрото во близина на штипското село Лакавица полицијата при контрола сопрела комбе со велешки регистарски таблички во кое имало 40 мигранти, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
„Возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.
Инаку, во последниов период полицијата често пронаоѓа нелегални мигранти кои транзитираат низ земјата. Периодов, како што информираше МВР, пронашле32 мигранти во товарно возило во близина на Радовиш, кај струмичкото село Куклиш беа пронајдени 53 мигранти, а во друга акција, на автопатот Демир Капија – Неготино, беа пронајдени 22 мигранти.
Балканската рута и натаму привлечна за мигрантите