Почина Хосни Мубарак, поранешниот претседател на Египет
Поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак починал во болница во Каиро на 91 година, јави денеска државната египетска телевизија. Мубарак беше на власт речиси три декади, а беше симнат од војската во февруари 2011 година по протестите кои тогаш се случуваа низ целата земја. Во јуни 2012 година беше осуден за вклученост во убиството на демонстранти за време на протестите и беше осуден на доживотен затвор. Повисокиот суд во март 2017 година го ослободи од обвинението.