Мицкоски повика на граѓански протест за правда
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција повика на граѓански протест утре во 18 часот од пред Oбвинителство на кејот на Вардар па се до Врховниот суд.
Бомбите на Милошоски индиции или средство за политички поени?
Овој повик следува по објавата на аудио материјалот во кој, како што рече пратеникот Антонијо Милошоски, се слуша гласот на порaнешниот премиер Зоран Заев како тој носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.
„Освен премиер, бил и судија, но и обвинител. И заспаното обвинителство за сето ова молчи. Молчи затоа што е во скутот на истиот кој диктира пресуди и ја убива правдата. Иако сите надлежни молчат, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема“, рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека Зоран Заев и „пукал на правдата во чело“ и дека тој е виновен за неправдата во општетство.
Заев: Снимките на Милошоски покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за ЈО