Времето сончево со температури и над 20 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови.
Дневните температури ќе се движат од 12 степени на повисоките места до 21 степен во Дојран и Гевгелија.