Радикалите ги добија пратеничките места во Техеран
Иранските власти соопштија дека радикалите ги освоија сите 30 пратенички места во главниот град Техеран, а одложувањето на соопштувањето на резултатите на ниво на цела држава ги отворија прашањата за рекордно ниското ниво на излезност.
Пред гласањето што се одржа на 21 февруари, илјадници кандидати на реформистите и на умерените сили беа дисквалификувани од изборните власти со што речиси и да немаше дилема за изборниот победник.
Во Иран се пребројуваат гласачките ливчиња
Државната телевизија вчера јави дека сите 30 пратеници кои доаѓаат од Техеран во парламентот кој има 290 места ги добиле конзервативните кандидати на поранешниот градоначалник Мохамад Багхер Ќалибаф. Тој е дел од Исламската револуционерна гарда и се смета за најсериозен кандидат за претседател на Собранието. Резултатите од изборите во главниот град кој е најлиберален во однос на другите делови од земјата, драстично се разликуваат од оние во 2016 година кога умерените кандидати ги освоија сите 30 пратенички места.