Повредените во Романовце во критична состојба
Здравствената состојба на повредените во вчерашната експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце е многу тешка, изјави директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар – ТОАРИЛУЦ д-р Илир Хасани.
Три деца загинаа во експлозија на плинска боца во Романовце
Посочи дека се примени тројца пациенти и тоа две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.
„Состојбата на тројцата пациенти, особено на двете жени е многу критична и тешка, меѓутоа се бориме со максимални сили за да ја стабилизираме нивната здравствена состојба“, рече д-р Хасани.
Од експлозијата во Романовце досега починаа четворица.Синоќа на единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје почина 58-годишен пациент, а три деца на возраст од осум, девет и 11 години загинаа во моментот на експлозијата.
Уште еден починат од последици по експлозијата во Романовце