УНХЦР: Грција треба да реагира на неодржливата ситуација на мигрантите
Високиот комесар за бегалци при ООН, Филипо Гранди, ја повика Грција, со поддршка од Европа, да реагира на „неодржливата ситуација“ во која се наоѓаат бегалците на грчките острови спроти Турција.
"Условите за живот на островите се шокантни и недостојни", изјави Гранди, оценувајќи дека условите се влошиле од неговата последна посета во ноември.
Високиот комесар повика на европска солидарност и поделба на одговорноста, барајќи малолетниците без придружба и други ранливи групи да се префрлат во други земји од Европската унија.
Во моментов, околу 36.000 луѓе се наоѓаат во преполните кампови на петте грчки острови. Овие кампови се предвидени да примат 6.200 луѓе.
"Многу луѓе живеат без електрична енергија, питка вода и среде нечистотија и ѓубре“ рече Гранди