Бугарската влада дава пари за организации на Бугари и во Македонија
Бугарската влада денеска реши да даде 500 000 лева (околу 260 000 евра) за финансирање на проекти на Бугарите во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и на граѓански организации со бугарска самосвест во Северна Македонија, јавува бугарската национална телевизија БНТ. Парите ќе бидат распределени преку буџетот за 2020 година на бугарското министерство за надворешни работи.
БНТ јавува дека целта на оваа владина одлука е да им се помогне на организациите за подобрување на нивната инфраструктура, да се создадат можности за проширување на дејноста, за зачувување на нивниот бугарски идентитет и за присуство во јавноста во државите во кои живеат.