700 милиони евра за модернизација на армијата во следни 10 години
Власта предвидува дека во период од 2019 година до 2028 година ќе треба да се потрошат 700 милиони евра за модернизација и опремување на војската со цел успешна и квалитетна интеграција во НАТО. Познавачите на одбранбениот сектор велат дека ова е амбициозен, но сепак неопходен план.