Ракети ја погодија базата на коалицијата предводена од САД во Ирак
Повеќе ракети ја погодија базата на коалицијата предводена од САД во близина на американската амбасада во Багдад рано денеска, предизвикувајќи мала штета, а нема повредени, соопштија воени претставници на САД.
Полковник Милс Б. Кагинс – портпарол за воени операции на САД во Ирак, изјави дека нападот се случил пред 3:30 часот наутро според локално време.
Предупредувачките сирени се активирале низ комплексот, но не беше познато каде урдрија сите ракети и колку биле истрелани. Амбасадата се наоѓа веднаш до воената база на коалицијата.
Допосниците на АФП објавија дека слушнале повеќе силни експлозии проследени со авион кој кружел во близината на Зелената зона, областа каде има зголемена безбедност во градот каде се наоѓаат дипломатските места, вклучително и амбасадата на САД.
Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот, кој е последен во серијата насочени кон Зелената зона.
Вашингтон ги обвини милициите поддржана од Иран за серијата ракетни напади врз американски имот во Ирак.
Милициите ветија одмазда по американскиот воздушен напад на 3 јануари во близина на Багдад, во кој беше убиен генерал-мајор Касем Солеимани – лидерот на иранските елитни сили „Кудс“, заедно со командант на ирачката милиција поддржана од Иран и неколку други луѓе.