„Мојот маж“ на Витошевиќ во Драмски театар - дијалог со расказите на Бужаровска
Во Драмски театар-Скопје, в сабота на 15 февруари, во 20 часот, ќе се случи праизведбата на „Мојот маж“, претстава работена по книгата на писателката Румена Бужаровска во режија на Нела Витошевиќ. Претстава за која се вели дека е обид да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото.