Собранието расправа за Законот за Јавно обвинителство
По повеќекратни процедурални забелешки, тензични реплики контрареплики, обвинувања и контраобвинувања за криминал, и две паузи по еден час, попладнево почна расправата по Предлог-законот за јавно обвинителство. Репликите и контрарепликите најчесто се меѓу пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Седницата претпладнето почнуваше двапати и имаше две паузи од по еден час. Министерката за правда Рената Дескоска на Фејсбук објави дека поради очигледната намера на некои политички партии да го опструираат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство одлучиле ниту таа, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваат за збор, со што ќе заштеделе најмалку осум часа дебата.
Парламентарен состав за трауматично носење закони
ВМРО-ДПМНЕ се противи на донесувањето на законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство.
За денеска во 15 часот беше закажана седница за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, но како што најави потпретседателот на Собранието, таа ќе се одржи дури откако ќе заврши расправата по Законот за Јавно обвинителство.