Путин и Зеленски разговарале за размена на затвореници
Претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, телефонски разговарале за подготовката на нов Самит во таканаречен нормандиски формат и за можна размена на заробеници, соопшти денеска кабинетот на Зеленски.
По победата на минатогодишните претседателски избори, 41-годишниот поранешен комичар Зеленски успеа да ја испреговара долго очекуваната размена на затвореници со Русија, по што двете земји разменија десетици затвореници во септември и во декември.
Украина смета дека има простор за компромис со Русија
Двајцата лидери за прв пат се сретнаа во Париз во декември на средба во нормандиски мировен формат, на која учествуваа и Германија и Франција.
Односите меѓу двете земји е непријателски по протестите во Киев кои доведоа до соборување на прорускиот претседател Виктор Јанукович во февруари 2014 година. Москва потоа нелегално го анектираше Крим од Украина, а проруските сепаратисти ја разгореа граѓанската војна во источна Украина, која сè уште трае, а во која досега загинаа над 13 илјади луѓе.