Седницата за законот за ЈО се уште официјално не е закажана
Пратениците биле повикани да бидат присутни во законодавниот дом во 15 часот кога според некои првични неофицијални информации требаше да почне седницата за двата закона, кои вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.
На веб страницата на Собранието се уште нема најава за седницата.
Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, за да може да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.
За законот за Јавно Обвинителство е потребно двотретинско мнозинство. Овој закон не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, меѓутоа од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.
ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието
Инаку вчера ВМРО-ДПМНЕ по состанокот на Извршниот комитет(ИК), реши да не ја напушта работата на Парламентот, туку, како што соопштија, да го следат развојот на ситуацијата и да реагираат во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред да се одржи седницата на ИК изјави дека не гледа потреба партијата и натаму да учествува во работата на Собранието, бидејќи не е испочитуван договорот за распуштање на Собранието на 12 февруари.
По барање на премиерот, Оливер Спасовски, Собранието истоа така треба да расправа и за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи
