Ердоган се закани дека ќе ги нападне сириските владини сили
Турција ќе ги нападне сириските владини сили каде било во северна Сирија, ако уште еден турски војник биден нападнат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ја обвини Русија како сојузник на Дамаск за „масакрот во Идлиб“.
Ердоган ова го кажа на состанок на владејачката партија во парламентот во Анкара. Тој додаде дека Турција е одлучна до крајот на февруари да ги потисне сириските владини сили зад турските набљудувачки пунктови во Идлиб.
“Тоа ќе го направиме на кој било начин, од воздух или од земја“, посочи Ердоган
Ваквата негова изјава следува откако десетина турски војници загинаа во акцијата на сириските владини сили во Идлиб, последното упориште на бунтовниците во Сирија.
Турски војници загинаа во Сирија
Сириските владини сили поддржани од руските воздушни сили почнаа офанзива за да ја преземат провинција од бунтовниците и покрај договорот од Сочи од 2018 година за прекин на огнот меѓу Турција и Русија. Двете земји, кои поддржуваат спротивни страни во Сирија, се согласија да работат на намалување на борбите во Идлиб и да создадат демилитаризирана зона.
Ердоган: Русија не го почитува договорот за Сирија