Жбогар повторно побара да се донесе законот за ЈО
Законот за јавно обвинителство треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, пред почетокот на брифингот со новинари за новата методологија на Европската комисија.
Новата методологија ќе стави сопирачки врз проширувањето на ЕУ
Жбогар ја повтори пораката од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи за Јавното обвинителство до сите политички чинители во Скопје.
„Комисијата не го стави Законот за јавно обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини. Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на провото. На крај, исто така, бидејќи сакаме да покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат“, изјави Жбогар.