Гласање за доверба на романската влада
Десничарската влада на романскиот премиер Лудовик Орбан денеска се соочува со гласање за недоверба иницирано од левичарската опозиција. Ова е прв тест за парламентарната поддршка на малцинската влада на Орбан по нејзиното формирање во ноември.
Романскиот Парламент изгласа доверба на Владата
Опозициските социјалдемократи го критикуваат Орбан дека турка измени во изборниот законик без јавна дебата пред изборите за градоначалници закажани за оваа пролет. Социјалдемократите кои се поддржани од етничката унгарска партија УДМР, велат дека немаат доволно гласови да ја урнат владата, но дека ќе се обидат да придобијат други пратеници.
Двете партии имаат 228 пратеници што е за пет помалку од потребните 233 гласови за да и изгласаат недоверба на владата на Орбан. Тој го презема владиниот кабинет откако парламентот во октомври ѝ изгласаа недоверба на социјалдемократската влада на премиерката Виорика Данчила.
Падна романската влада