Авион од Истанбул се лизна од пистата, над 50 повредени
Патнички авион денеска се лизна од пистата на аеродромот во Истанбул и се скрши на два дела, при што се повредени 52 лица.
Нема извештаи за загинати.
Министерот за транспорт Мехмет Кахит Турхан изјави дека авионот превезувал 171 патник и шест членови на екипажот и оти имал „тешко слетување“ на аеродромот во Сабиха Гокчен во Истанбул.
Авионот се лизнал од пистата веднаш по слетувањето во услови на пороен дожд и силен ветер.
Пожарникарите и екипите за итни случаи се испратени на местото на настанот.
Градоначалникот на Истанбул, Али Ерликаја, рече дека сите 52 ца повредени лица се однесени во болница.
Авионот „Пегасус ерлајнс“ летал кон Истанбул од градот Измир.