Заев му се јавил и му честитал на Ципрас
"Ми се јави да ми честита, исто како што направија и други лидери, рече грчкиот премиер по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент , одговарајќи на новинарско прашање дали разговарал со неговиот македонски колега, Зоран Заев, јави МИА од Атина. Во изјавата, Алексис Ципрас го повтори она што претходно го напиша на неговиот официјален Твитер профил дека денес е историски ден за Грција, бидејќи „се става крај на голем нерешен проблем што и тежеше на надворешната политика“, но е и историски ден и за Балканот. Читать дальше...