Демократскиот сојуз на Косово го предлага Хоти за премиер
Генералното собрание на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) со големо мнозинство ја поддржа кандидатурата на партискиот потпретседател Авдулах Хоти за кандидат за нов премиер на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста ја објави лидерот на ЛДК Иса Мустафа, преку писмо со кое им се заблагодари на членовите на највисокото партиско тело за тоа што одговорија на барањето да се изјаснат за кандидатурата на Хоти.
Авдулах Хоти нов кандидат за премиер на Косово
Курти:Тачи пробува да формира Влада без победникот на изборите
Од 124 члена на Генералното собрание, вкупно гласале 117, од кои „за“ биле 115 и двајца „против“.