123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2020

Новости за 20.04.2020

Директорот на СЗО: Најлошото допрва претстои од пандемијата на коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека најлошото допрва претстои во пандемијата на новиот коронавирус. Тој издаде ново предупредување во момент кога многу земји почнуваат да ги ублажуваат рестриктивните мерки воведени заради сузбивање на вирусот. Тој не прецизира зошто ситуацијата би можела да се влоши. Досега, според официјалните податоци, се заразени скоро 2,5 милиони луѓе, а над 168 илјади починаа. „Верувајте ни. Најлошото допрва е пред нас. Читать дальше...

Четиридневен карантин во 31 градови во Турција од четврток

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе воведе четиридневна карантин во 31 градови в четврток, како мерка за борба против новиот коронавирус. Во Турција, претходните два викенда имаше режим на самоизолација во 31 градови. Мерките се продолжуваат овој пат поради националниот празник на Турција, кој е в четврток, 23 април. Ердоган по состанокот на кабинетот рече дека Турција се стреми да ја намали заразата на ниво што ќе го нормализира животот по верскиот празник Рамазан Бајрам кон крајот на мај.

Во Авганистан убиени 19 провладини војници

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските власти соопштија дека 19 припадници на провладините сили биле убиени во талибански напади во северната провинција Такар. Талибанските милитанти ноќеска ги нападнале локалните сили под команда на авганистанската армија во областа Кваја Гар од неколку насоки, изјави областниот шеф Мухамед Омар. Тој рече дека борбите продолжиле и рано утрото. Министерството за одбрана соопшти дека напаѓачите биле одбиени и дека талибанците претрпеле жртви. Засега нема коментар од талибанците. Талибанците... Читать дальше...



Борел - Србија се заблагодарува на Кина, но не и на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека постои „борба на наративи“ на Западен Балкан и дека, на пример, во Србија може да се видат билборди со благодарност само за Кина од Србија за борбата со коронавирусот. „Чудно е што никогаш не сум видел билборд со благодарност за ЕУ за помошта. А, ние им пруживме голема помош на Србија и на другите земји од Западен Балкан и пред и за време на кризата, рече Борел. Тој нагласи дека европската помош и посветеност не биле доволно земени предвид... Читать дальше...

МЗ - Центарот за јавно здравје Велес продолжува со нормална работа

SlobodnaEvropa.mk 

Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа, соопштија од Министерството за здравство. Откако во дел од медиумите излегоа информации за наводно затворање на пунктот за земање брисеви и Центарот за јавно здравје во Велес, од Министерството за здравство информираат дека истиот продолжува со работа како и досега. Од таму додаваат дека е направена ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви. „Во текот на утрешниот ден... Читать дальше...

Иран и Сирија ги критикуваат САД што не ги укина санкциите и покрај коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф разговараше со сирискиот претседател Башар ал-Асад во Дамаск, во време кога двете земји се борат против пандемијата на коронавирус. На фотографиите објавени на Твитер профилот на иранската влада се гледа како Зариф и Асад носат заштитни маски за време на разговорот во главниот град на Сирија. Двајцата ја искористија средбата да ги критикуваат САД зашто не ги укина санкциите врз двете земји за да им се олесни борбата против коронавирусот. Читать дальше...

Меркел повика граѓаните да останат дисциплинирани во борбата против коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларката Ангела Меркел денеска ги повика Германците да останат дисциплинирани во борбата против пандемијата на коронавирус. Земјата започна да олеснува дел од мерките, но Меркел предупреди дека има долг пат до победа над вирусот. Во следните две недели треба да се види дали делумното ублажување на мерките ќе доведе до зголемување на бројот на заразени, рече денеска Меркел пред новинарите. Таа вели дека во овој момент не може да го следат секој кластер на заразени. Светските... Читать дальше...

Филипче - Досега излекувани 200 пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да го надминеме, порача на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче, споделувајќи ја информацијата дека досега се излекувани 200 пациенти заболени од коронавирус. „Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката... Читать дальше...



Русија го чека пикот на заразата со Ковид -19

SlobodnaEvropa.mk 

Русија го забави ширењето на коронавирусот, но земјата се уште го чека пикот на заразата, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој по разговорите со здравствените власти во земјата, рече дека Владата ќе започне да ги олеснува мерките, доколку медицинските експерти кажат дека е сигурно да се појде по тој пат. Во Русија како мерка за спречување на ширењето на вирусот цел април е прогласен за неработен, а во многу региони е воведен режим на самоизолација. Градоначалникот на главниот град на Русија... Читать дальше...

Олабавување на анти-корона мерките во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Српската Влада одлучи да ублажи дел од мерките заспречувањето на ширењето на вирусот Ковид-19. Со новите мерки граѓаните постари од 65 години, кои досега само еднаш неделно можеа да излезат од домовите, од утре тоа ќе можат да го прават три пати неделно по половина час, во вторник, в петок и в недела, помеѓу 18 часот и еден часот по полноќ. Почнувајќи од вторник, 21 април, се дозволува работа на работодавачите од областа на пружање на услуги, како што се автомеханичарски и вулканизерски дејности... Читать дальше...

Полицијата ќе фотографира кој не носи маска, прво ќе опоменува, па ќе казнува

SlobodnaEvropa.mk 

Задолжителното носење маска, марама, шал или што било за покривање на устата и носот, што од среда ќе важи за Куманово, Тетово и Прилеп има за цел да се создадат услови за повеќе движење, а притоа да се гарантира заштита, јавува МИА повикувајќи се на брифинг од Владата. Доколку некој не носи заштитна опрема, најпрво ќе добие само опомена, а дури потоа казна. Ако дојде до изрекување казна, полицијата ќе има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна, дополнуваат од Владата. Читать дальше...

Косовскиот претседател Тачи итно однесен во болница

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Косово, Хашим Тачи е примен денеска на преглед во Клиничкиот и унивезитетски центар на Косово (ЌКУК), поради здравствени проблеми кои не се поврзани со заразата од новиот коронавирус, јави МИА од Приштина. Претседателскиот кабинет соопшти дека Тачи е примен на Клиниката за урологија поради проблеми предизвикани од присуство на камења во бубрегот и дека неговата здравствена состојба е стабилна. По извршените прегледи и третманот против болки, Тачи е пуштен дома и се чувствува добро, соопшти неговиот кабинет. Читать дальше...

Курти - Српската донација на тестови не треба да е политизира

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот во оставка на владата на Косово, Албин Курти изјави дека не треба да се политизира тоа што Србија донираше тестови за коронавирусот на Косово. Тој денеска на прес-конференција рече Косово докажало дека не прави разлика меѓу граѓаните по општини, партии, старост, пол, вера и етничка припадност. Курти додаде дека Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе одлучат како ќе ги искористат сите тестови со кои располага Косово. „Ние не дискриминираме и убеден сум дека доколку Косово одбие да ги земе тие тестови... Читать дальше...

Напади во неколку нигериски села, убиени над 45 цивили

SlobodnaEvropa.mk 

Вооружена група убила најмалку 47 луѓе, меѓу кои жени и деца, во шест нигериски села. Нападот се случил откако локалното население добило помош за борба против новиот коронавирус, јави АП. Локалните жители тврдат дека откриле најмалку 70 тела, како и оти им се запалени и ограбени домовите, а нигериската армија и полиција го истражува нападот. Според очевидците, напаѓачите вооружени со софистицирано оружје, на мопеди упаднале во селата и тие кои одбиле да им дадат храна и пари биле претепани или стрелани.

Османи: Пристигна и последната пратка кинеска помош

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој е задолжен и за организација на странските донации во вонредната состојба поради епидемијата на коронавирусот, на својот Фејсбук профил објави дека пристигнала последната пратка од помошта во тестови и лична заштитна опрема од Кина. Кинеска помош на пат кон С. Македонија, соопшти Османи „Пристигна и последната пратка од Кинеската помош во тестови и лична заштитна опрема. Со амбасадорот одржавме онлајн пресконференција“, објави Османи.

Ќе најдеме паметни решенија за летните одмори, тврди дер Лајен

SlobodnaEvropa.mk 

Европјаните ќе најдат „паметни решенија“ кои ќе им овозможат да одат на годишен одмор и покрај пандемијата на коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „Можеби малку поразлично, со други хигиенски мерки и со малку повеќе физичка дистанца, но ќе биде импресивно да се види дека ќе најдеме решение“, изјави Фон дер Лајен во интервју за весникот „Експресо“. Таа оцени дека е добро што земјите од ЕУ почнуваат да ги укинуваат рестриктивните мерки, но предупреди дека владите мора да постапуваат внимателно... Читать дальше...

Починати 3, новозаразени 18 и излекувани 21 во последните 24 часа

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите лекувани во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200. Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација... Читать дальше...

Релаксирање на мерките по 1-мајските празници, најави Спасовски

SlobodnaEvropa.mk 

Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала, но тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, објави на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски, најавувајќи релаксирање на мерките донесени за спречување на ширење на пандемијата од Ковид-19, по првомајските празници. Во државава сѐ уште е на сила најдолгиот полициски час од воведувањето на вонредната состојба. Тој завршува утре во 5 часот изутрина.

МВР: Измамници праќаат лажни покани за наводна истрага

SlobodnaEvropa.mk 

МВР ја известува јавноста дека деновиве до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани преку електронска пошта во врска со наводна тековна истрага. „Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презеде соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот“, информираат од ресорното министерство. Читать дальше...


Музыкальные новости
Юрий Лоза

Лоза объяснил, почему Лепс выбил телефон из рук фанатки





Персональные новости
Александр Бастрыкин

Бастрыкин взял дело хирурга, на которого пожаловались пациенты, на контроль





Што ќе правиме со парите ако сѐ е затворено - Вие коментирате

SlobodnaEvropa.mk 

Според коментарите на читателите на Радио Слободна Европа, граѓаните не сакаат да седат дома и да ги почитуваат мерките за забрана за движење, не сакаат ниту да плаќаат сметки и покрај најавите дека сметките за парно и за струја ќе бидат на рати и без камати, а велат и дека џабе се субвенции за тутунарите, ако нема кај да ги трошат парите.

121 лице го прекршило полицискиот час, 92 приведени

SlobodnaEvropa.mk 

МВР соопшти дека по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 121 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 92 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. СЗО: Укинувањето на рестрикциите не значи крај на епидемијата Во текот на изминатиот ден, на територијата на Македонија на 238 лица им се издадени решенија за изолација, а 108 лица потпишале изјави за самоизолација. МВР додава... Читать дальше...

Од утре забранет организиран превоз во и од Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Владата донесе одлука дека од утре, 21 април, се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини. „Исклучок од оваа забрана е организираниот превоз што го вршат економските оператори за своите вработени лица до работните места, како и организираниот превоз на вработените лица во Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, како и вработените во територијалните противпожарни единици во овие општини“... Читать дальше...

Ивановска: ДКСК ги следи сите процеси во вонреднава состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа нашата држава поради светската пандемија и борбата за справување со корона вирусот SARS-CoV-2, Државната комисија за спречување корупција, заедно со Платформата на граѓански здруженија за борба против корупција, процени дека се зголемени ризиците од случајни или намерни грешки во вршењето на службената должност на одговорни лица во државните органи, особено во процесите на итни јавни набавки и користење на донациите, вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска. Читать дальше...

За локалните шерифи нема закон?

SlobodnaEvropa.mk 

Последниот настан во населбата Ченто кој резултираше со кривична пријава за советник во општината од СДСМ, покажа уште еднаш дека партиските функционери се ставаат над законот. Ова не е прв случај, а според упатените, институциите треба да се охрабрат и да се спротистват на таквите луѓе.

Спорт в России и мире
Москва

Прием заявок на участие в конкурсе на лучшее путешествие по Дальнему Востоку начнется в мае


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Названа победительница матча Елена Рыбакина — Ига Швентек


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

АО «Транснефть – Дружба» подвело итоги деятельности в сфере экологической безопасности





Путин в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о догазификации СНТ  


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

В Москве арестован на пять суток историк-публицист Сергеев за пост памяти Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Тимати

Валентина Иванова спровоцировала слухи о свадьбе с Тимати: «Невеста!»



Москва

Шойгу заявил о создании в Минобороны центра беспилотников и роботов

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net